Ова се најплатените професии во Македонија

Економската ситуација во Македонија е таква каква што е, но сепак постојат и професии во кои платите овозможуваат достоен живот. Еве кои се најплатените професии во државава:

denari-486x272
Највисока плата во Македонија имаат вработените во правните и во сметководствените дејности, во износ од 56.003 денари. Веќе подолго време високи плати имаат и вработените во воздухопловниот сектор, кои во просек се движат околу 42 илјади денари. Просечната плата во дејностите: финансии и осигурување, како и секторите: електрична енергија, гас, пареа и климатизација се меѓу најпривлечните, и за движат над 35 илјади денари. Толкави се и платите на фармацевтите, платите во секторот производство на нафтени деривати, на луѓето што се занимаваат со маркетинг. Во секторот телекомуникации просечната плата се движи околу 39 илјади денари, илјадарка помалку земаат компјутерските програмери, а околу 28 илјади денари земаат луѓето што ви ги поправаат компјутерите. Околу 25 илјади денари се движат платите во дејностите поврзани со недвижен имот, стручните, научните и техничките дејности. Градежниците се под просекот, и земаат околу 17.500 денари.

Според податоците на Државната статистика, најниски примања имаат текстилците и производителите на кожа (околу 11.500 денари), вработените во дејностите поврзани со служење храна, производство на облека, дрвната индустрија, управувачите со отпад, хигиеничарите. Нивните плати се движат од 11 до 15 илјади денари, далеку под просекот!

Ако се анализираат податоците на Државниот завод за статистика, ќе се види дека минатата година имало околу 650 илјади вработени од кои само 11.300 луѓе примиле плата меѓу 30 и 40 илјади денари. Најголем дел, или 103 илјади работници земале плата меѓу 12 и 16 илјади денари а само 9 илјади работници добиле плата поголема од 40 илјади денари.

Статистичките податоци покажуваат и дека во земјава лани просечната исплатена нето- плата по вработен, во однос на 2011 година пораснала за 0,3 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната исплатена нето-плата по вработен во Вардарскиот регион за (3,4 отсто), во Југоисточниот регион за (2,7 отсто ) и во Југозападниот регион за (2,6 отсто). Највисок просек на исплатена нето-плата по вработен за 2012 година, во однос на вкупниот просек во Република Македонија, е забележан во Скопскиот регион за (17.4%), а најнизок просек на исплатена нето-плата по вработен за 2012 година, во однос на вкупниот просек во Република Македонија, е забележан во Источниот регион за (28.4%).

Според истражувањето на агенцијата Анадолија, најмали плати во земјите од регионот земаат Македонците, Албанците и Србите, додека највисоки просечни плати имаат граѓаните на Хрватска, земјата која годинава влезе во Европската унија.

Податоците на Државниот завод за статистика во публикацијата „Регионите во Република Македонија“ покажуваат дека жителите на Скопскиот регион во текот на минатата година во просек земале месечна плата од 24.529 денари. Прочитајте кои региони во Македонија земаат највисоки плати

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно