Почина Словенецот чие сурово измачување беше пренесувано на Фејсбук

Словенецот што беше брутално измачуван и понижуван од страна на двајца напаѓачи во околината на Кршко, а целиот настан беше сниман и пренесуван и на Фејсбук, почина во вторник на Клиничкиот центар на Љубљана.

Словенија е згрозена од злосторството што во неделата кон понеделникот се случило во село близу Кршко, при што двајца злоставувале 26-годишен маж, тоа го снимиле и го поставиле на Facebook, каде било прегледано од 250.000 корисници на мрежата.

Facebook, по интервенција на полицијата го отстранила 23-минутното видео од тортурата. На видеото се гледало како момчето е злоставувано, како се пцуе, а двајцата мажи му се закануваат. Анонимен човек пријавил во полиција, а од таму со помош на снимката го лоцирале местото на злосторството, ливада во близина на селото Подбочје кај Кршко.

Дваесетгодишниот Алеш Оловец од Словенија е монструмот кој на својот Фејсбук ја објави снимката од мачењето и убиството на 26-годишникот

Жртвата е најдена во 4 часот утрото, во несвест, крвав, смрзнат и со тешки повреди на главата и телото. Итно е префрлен во болница во ново Место, па во Љубљана, каде лекарите не успеале да го спасат.

Двајцата напаѓачи на возраст од 20 и 29 години се од околината, притворени се и се претпоставува дека се познавале со жртвата, поради што полицијата се сомнева на лично нетрпение, кое го поттикнало насилството.

Некои психолози предупредуваат дека ваквите настани имаат силно влијание затоа што се пренесуваат преку социјалните мрежи. Конкретната снимка била отстранета по неколку часа, а до тогаш ја прегледале повеќе од 250.000 луѓе, меѓу кои и многу млади, додека некои дури и кликнале `like`.

Сопственикот на ,,Медикус“ е осуден на 7 години затвор за илегална трансплатација на органи

Љутфи Дервиши, сопственик на клиниката “Медикус” од Косово, е прогласен за виновен и е осуден на седум и пол години затвора за илегална трансплатација и трговија со човечки органи.

Оваа пресуда ја донесе Основниот суд во Приштина, по неколу години судски процес.

,Докажано е дека Љутфи Дервиши, како сопственик и со лично учество на операциите, иако знаел дека прави недозволени дејствија, продолжил во повеќе наврати да регрутира ,,донатори“ на органи и да ги трансплатира во приматели, односно пациенти“-се вели во пресудата.

Дервиши со неговиот ,,тим“, извел најмалку 23 трансплатации на бубрези во 2008 година, така што на сиромашни дарители им плаќал одредени суми пари, а органите потоа ги продавал и транспплатирал на богати клиенти, најмногу од Израел, за 80.000 до 100.000 евра.

Излажал дека паднал од мотор: Месец дена притвор за таткото кој до смрт го претепа својот 14 – ­годишниот син на Косово

Основниот суд во Гнилане му одреди 30-дневен притвор на Гани Берњаши, таткото кој го претепа до смрт својот 14-­годишен син, јавува дописникот на

МИА од Приштина. Информацијата за судската мерка, која му е изречена на сторителот на убиството, кое се случи ноќта меѓу средата и четвртокот во селото Долно Карачево крај Каменица, за порталот „Газета Експрес“ ја потврди официјален извор од судот во Гнилане.

Шеесетгодишниот Берњаши, во средата вечерта со дрвен стап го претепал својот 14­ годишен син Љуан, по што го затворил во соба цели четири часа и дури откако видел дека состојбата му се влошила, околу 40 минути по полноќ, го однел во Медицинскиот центар во Каменица, каде што дежурниот лекар констатирал смрт на детето.

Првично, таткото, кој косовските медиуми го нарекоа „монструм“, пријавил дека детето се повредило при пад од мотор, но набргу полициската истрага открила дека тоа умрело како последица на немилосрдно претепување. Истрагата откри дека детето било претепано до смрт затоа што, без знаење на родителите, земало 1 000 евра од дома.

Ова, како што објавија медиумите, не е првото злосторство на таткото, затоа што се откри дека во 1997 година, бил осуден и одлежал седум години затвор за силување на 12­-годишно девојче во Приштина. Исто така, медиумите информираа и дека ноќта кога го претепал својот син, со пластична шипка ја претепал и 17­-годишната ќерка, која се обидела да го заштити братот.

Џафери за провокациите од Шешељ: Јас сум тука службено, немам потреба да одговарам никому

Немам потреба да одговарам никому, јас не сум тука на повик од политичка партија туку во официјална посета од народниот парламент, изјави претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери во интервју за српската телевизија Н1, по обвинувањето на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ дека Џафери е терорист.

Шешљ запраша врз која основа афери е дојден во Белград и кој го повикал.

-Бев повикан од страна на претседателката на Собранието. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука, а не да се оптеретувам со партијата на Шешељ и неговите изјави, кажа Џафери.

Џафери говореше и за нападите на 27. април минатата година во Собрание.

-Што се однесува на мојот избор за претседател на Собранието, историјата се повторува со оглед на тоа дека мојот избор за министер за одбрана во 2013 година исто така беше пропратен со протест. Мојот избор во Собранието секако дека беше легален и легитимен и покрај сите постапки на сегашната опозиција во смисла на попречување на работата на парламентот. Не се сметам за контраверзна личност, јас ги извршувам моите обврски онака како што ми се доверени, вели Џафери.

До претседателот на Собранието беше упатено и прашањето за неговиот личен однос со експремиерот Никола Груевски, со оглед на тоа дека на седницата на која се изгласуваше законот за употреба на јазиците, дојде и до физички контакт помеѓу нив.

-Тоа е одраз на психолошка криза со оглед на тоа дека многу кривични дела се водат против него, како и неговата смена од претседателската функција во партијата. Сето тоа беше причина за во дадениот момент тој да не може да се исконтролира себе, заклучи Џафери.

Популарно