Солзите радосници на „Авганистанскиот Меси“ го расплакаа светот

Муртаз Ахмади од Авганистан, петгодишното дете чија е фотографија со дрес од Меси направен од ќеса го допре светот, конечно дојде на свое. Имено, малиот љубител на ликот и делото на Лионел Меси пронајден е по големата потрага која ја покренаа Аргетинскиот фудбалски сојуз и менаџерите на Меси и за поклон доби вистински дрес од Меси од Барселона.

Untitled

Неговата фотографија во дресот направен од ќеса го обиколи светот, а набргу се тргна во потрага по него. Кога му влегле во траг, Меси и челниците на Барселона пратиле меил до Фудбалскиот сојуз на Афганистан, со желба Меси и лично го запознае својот обожавател. Детето стана вистинска ѕвезда во својата држава, а го доби и дресот од Меси откако се сретна со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Афганистан.

„Афганистанскиот Меси“ како што веќе го нарекуваат во својата држава, доби и прилика да заигра на трева со кадетската репрезентација на Афганистан.

Со денови плачеше

-Плачеше со денови зошто немаше дрес. Не можев да му купам зошто живееме во сиромашно село далеку од градот, а тогаш брат му му помогна да направи дрес од ќеса, открива таткото на детето.

Неговиот брат му го направил „дресот“

- Најголема желба ми е блиску до својата куќа да имаме стадион, за да создадеме некој фудбалер сличен на Меси. Муртаз едвај чека да го запознае Лео.

л Џезеира разговарале и со 15 годишниот Хомауоун, кој му го направил дресот на својот брат.

- Ми беше тешко поради него зашто не можеше да добие дрес, па му направив дрес од ќеса. Вистински дрес, едноставно, не можеме да му купиме.

Меси со детето ќе се запознае на Камп Ноу, стадионот на Барселона, веројатно на некоја од следните натпревари од Лигата на шампионите или од шпанската лига.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно