(ВИДЕО 18+) Снимката го покажува ужасот по експлозијата на автомобил-бомба ви близина на турската граница

Според последните податоци, во нападот загинале најмалку 60 лица, а други 50 се повредени.

Очевидци ги снимија првите секунди по нападот со автомобил бомба во контролираниот од бунтовницте градот Азаз во Северна Сирија. Нападот се случи во близина на штабот на опозициската група “Ахрар аш фстаци” и градскиот пазар.

Според последните податоци, во нападот загинале најмалку 60 лица, а други 50 се повредени. Меѓу повредените има и деца, пријавени ren.tv.

На кадрите се гледаат настраданите во експлозијата коипанично бегаат од местото. Еден од повредените ја фрла неговата облека која гори.

Во моментот на местото работат војници и вработени од сириските служби.

Зошто Меланија не е меѓу седумте бели дами на Ватикан?

На официјалната средба со папата, Меланија Трамп, првата дама на ватикан, носеше црн фустан од тантела, а на главата, според протоколот, црн тантелест вел.

Во слична комбинација се појави и Иванка Трамп, зашто протоколот за средба со папата налага жените да носат црна облека и косата да ја прекријат со вел.

Сепак, постојат седум жени на светот кои не мораат да носат црно пред папата. Привилегијата “le privilege du blanc” на француски или “privilegio del biacno” на италијански, важи за католички кралици и принцези, коина средбите со папата, на миси и беатреификации носат бело.

Во „привилегијата на белото“ уживаат принцезата Софија од Грција (поранешна кралица на Шпанија), Паола – кралица на Белгија, Марија Тереза – војводина од Луксембург, Матилда – кралица на Белгија, Летиција – кралица на Шпанија, Марина – кралица на Неапол и принцезата Шарлин од Монако.

Сепак, привилегијата не им се одобрува на жените на сите католички монаси ниту пак на жените на некатоичките монаси. Иако се католкињи, привилегијата не им се одобрува на сопругата на кралот на Лесото или  на сопругата на принцот од Лихтештајн. Исто така, до 2013 година ова право го немала ниту соругата на принцот од Монако, а сѐ уште го нема ниту кралицата Максими од Холандија, која е католичка сопруга на протестантскиот крал Вилим Александр.

Шпанските кралици и принцези освен тоа што можат да носат бело, можат да носат и пиенета, украс за коса во форма на укосница која се прекрива со белиот вел.

Правилото на црн фустан и вел го почитуваат повеќето жени на државници и политичарки кои се спретнале со папата, иако псоледните години Ватикан попушта пред непокорните жени. Ангела Меркел, камила Паркер Боусл, Сања Ошешковиќ пред папата сепојавиле без покривка на главата, а некои од нив не ни биле во црнина.

Путин: Писменоста во Русија дојде токму од Македонија

На официјалната страница на рускиот претседател Владимир Путин се објавени детали од средбата со неговиот македонски колега Ѓорге Иванов. Во делот каде што се говори за словенските браќа Кирил и Методиј, Путин објаснува дека писменоста во Русија дошла од македонската земја.

„Денес во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда“-стои на страницата на рускиот претседател.

На овие зборови Иванов одговори дека „денеска се слави споменот на сесловенските просветители  Кирил и Методиј, кои се наши духовни учители“

(ВИДЕО) Јавно тепање како казна за хомосексуалците во Индонезија

Двајца мажи обвинети за хомосексуален однос добиле казна јавно тепање со стап пред голем број набљудувачи во индонезиската покраина Ачех во која се применува шеријатскиот закон, што е прв таков случај во побожниот муслимански регион.

Додека ги спроведувале мажите чии лица биле покриени со кошули до кренатата платформа пред џамија во центарот на Банда Ачех, група од околу 500 луѓе одушевено аплаудирале.

Човек со качулка, познат како „алгојо“ или извршител, потоа почнал да ги удира мажите на кои им биле пресудени по 85 удари со стап.

Ачех е првата индонезиска покраина во која се применува шеријатскиот закон како јавно право, со удари со стап како една од казните.

Освен јавното тепање хомосексуалци, во покраината со удари со стап се казнуваат и коцкарите, како и невенчаните жени кои имаат сексуални односи, меѓу другите.

Популарно