ВИДЕО: Карлеуша ја расплака натпреварувачката, па си доби лекција

Српската пејачка Јелена Карлеуша често е „најстрашниот“ член од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа често пати е брутална кон натпреварувачите, ги навредува, ги понижува, но овој пат се надмина себе си.

Таа успеа да расплаче една од натпреварувачките, така што кој знае дали оваа девојка по ова повторно ќе фати микрофон. Дали можат да им ги срушат соновите и на најдобрите? Очигледно трнлив е патот до славата!

Од продукцијата најавуваат дека во вториот круг шестчленото жири ќе биде далеку по строго од тоа досега.

(ВИДЕО) Овации ја тресеа оперската сала на првото појавување на Дурловски после режимскиот прогон

Знаете ли како една власт најбргу станува режим? Кога ќе почне да се пресметува со уметниците. За жал/среќа „насадениве“ шарени и колаборационисти ја направија оваа грешка на ангро. Резултат на тоа – МОБ ечеше синоќа од скандирања, откако по брилијантаната изведба на Тимур во операта Турандот,  Игор Дурловски излезе да и се поклони на публиката. Овации и скандирања на неговото име ја тресеа оперската сала, додека нашиот оперски пеач и отпоздравуваше на публиката и им се заблагодаруваше на присутните кои дојдоа да го проследат неговото враќање на сцената. Ова е целосен триумф на Дурловски во првиот негов настап по притворот кој му беше одреден за настаните на 27 април минатата година и измисленото обвинение за наводен тероризам чија смисла лесно се доловува деновиве по сите понижувања што ги доживеавме како резултат на преговорите меѓу Заев и Ципрас. Дурловски беше еден до лидерите на За заедничка Македонија. Од крајот на ноември минатата година до крајот на јануари беше во притвор во истражниот затвор во Шутка, а потоа уште два месеци му беше одредуван домашен притвор. На својот ФБ профил Дурловски објави: Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов се што чував во себе а добив исто така се!

Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот, а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ.

ВИДЕО: Ова е македонската „Шушана“

Пред една недела,фолк пеачот Влатко Алексовски сними спот на песната СУЗАНА,во продукција на IN Produkcija Australija.

Спотот се снимаше во Маврово,а специјална гостинка на спотот е поранешната мисица на Македонија 2013,познатиот модел Тина Спасеноска.

Инаку песната Сузана е верзија на големиот хит Шушана,која е стара Еврејска песна,а сега и во Македонска верзија како СУЗАНА.

Новиот спот на Влатко е вистински летен хит,а на тоа укажува големата посетеност на социјалните мрежи за многу кратко време,а песната е на топ листи на многу радиа. Влатко најавува нов албум до крајот на месец август,веќе се снимени 4 песни,главен продуцент е Професор Игор Трајковски од Куманово,во чие студио ,,ТРИМЕЈ" и се снима новиот албум на Влатко. До крајот на месец мај,ќе биде снимен уште еден спот,но за овој проект Влатко несакаше да открива детали,бидејки како што кажа,сака пријатно да ја изненади публиката.

ВИДЕО: Саша Поповиќ најави нови правила во „Ѕвездите на Гранд“

Во новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ откри дека ќе има нови правила во новата сезона.

„Ѕвездите на Гранд“ се емитуваат речиси една деценија, а од таму излегле добри пејачи кои денеска се едни од најбараните. Поради тоа продукцијата на Гранд донесе одлука која сигурно ќе израдува многу кандидати.

Имено, Саша соопшти дека кандидатите кои ќе стигнат до петиот круг ќе имаат прилика да учестуваат и во следната сезона. А оние кои ќе стигнат до шестиот круг ќе може да потпишат и договор со „Гранд“.

Популарно