ВИДЕО: Драматично спасување на мајка и бебе од поплавите во Босна

Со помош на хеликоптер војската на БиХ вчера ги евакуираше граѓаните на Маглај меѓу кои и мајката која со своето бебе беше заробена на покрив.

evakuacija-majka-bebe

Во поплавениот Маглај единствено може да влезе со чамец, а комуникациите се во прекин.

Луѓето стојат на покривите од куќите и зградите и чекаат спас. Со оглед на тоа дека поради невремето е намалена видливоста запрена е евакуацијата со хеликоптери, а граѓаните се спасуваат со чамци.

Коментари

Популарно