Убиено 18 годишно момче во скопско Ѓорче Петров

18 годишно момче е убиено во скопската населба Ѓорче Петров во близина на турската очна болница. Неофицијално момчето било нападнато од други три лица кои го тепале со палки шипки и ножеви, јави СИТЕЛ Телевизија.

ubieno dete gorce 2

Според првичните и неофицијални информации причината за убиството е банална. Непотврдените информации говорат дека на момчето му бил украден велосипедот. Кога тој отишол да си го бара, тројцата го нападнале удирајќи го со секири, копачи и ножеви Момчето е пренесено во болница, но починало од убоди со нож во срцето.

ubieno dete gorce

На местото каде се случило убиството полицијата врши увид, а се собираат и група граѓани, објави телевизија СИТЕЛ. Полицијата најавува повеќе информации за подоцна. Убиеното момче се вика Ангел и завршил во средното медицинско училиште велат присутните граѓани.

Коментари

Популарно