Македонскиот кошаркарски интернационалец во НБА, Перо Антиќ, се чини и годинава ќе добие голема „поддршка“ од девојките за учество на Ол-Стар викендот, кој е закажан за идниот месец во Њујорк. Откако лани десетици девојки го напишаа неговото име на голите гради, „топлес поддршката“ стартуваше и годинава. Така, верна навивачка на Атланта го напиша името на Перо на нејзините гради и гордо позираше.
