Верица Пандиловска која годинава слави 16 години со својот партнер, вели дека нема ништо поубаво на светот од чиста и искрена љубов.
Ние сме заедно од 1999 година. И денес по толку време јас се уште го гледам со истите очи. Секојдневно ме изненадува со нешто ново и на тој начин ја одржуваме љубовта. Вчера, на пример, ме изненади со една интересна торта во облик на чевел и се тоа беше спонтано и случајно, вели Верче за Вечер.
Пејачката која беше десет години во врска со партнерот, а сега е шест во брак, вели дека поддршката која меѓусебно си ја даваат е клучот за успешниот брак.