Куманово: Специјалците го обезбедуваат Судот, полициската станица и зградата на општината

МВР ги обезбедува државните институции во Куманово. Од полицијата за Press24 не сакаат да откријат повеќе детали за засиленото полициско присуство во Куманово.

43wdsfa

Во моментов блокирани се улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово. Токму на овие улици се наоѓаат клучните државни институции. Таму е зградата на Општина Куманово, веднаш до неа се наоѓа полициската станица, а до полицијата е зградата на Основниот Суд во Куманово.

Подолу по истата улица се наоѓа и кумановската болница.

Во дел од медиумите кои известуваат на албански јазик проструи информација дека полицијата обезбедува спроведување пред кумановскиот Основен суд дел од групата терористи, но полициски извори за Press24 ја демантираа оваа информација.

Од таму велат само дека полицијата е на терен поради настанатата ситуација и дека ги обезбедува објектите на државните институции.

Коментари

Популарно