Крвава матурска ноќ во Скопје: Нападнати матуранти поради македонското знаме

Во 22 часот и 30 минути синоќа на булеварот „Александар Македонски“, пред хотелот „Континентал“, повеќелица физички ги нападнале 19-годишниот А.Уматурант и 22-годишниот М.А.

zname-makedonskooo

Како што соопштуваат од полицијата, причина за физичкиот напад било истакнување на македонско знаме во холот на хотелот. М.А. бил удрен со тупаница од што се здобил со црвенило и оток, а А.У. бил удрен со шише во пределот на главата и се здобил со расекотина на челото.Потоа, околу два часот по полноќ, дошол 41-годишниот Т.А. инаку родител на матурантот кој бил нападнат за да ги земе децата по завршување на прославата, а додека со нив се движеле во возило „Фиат пунто“ на булеварот „Никола Карев“, биле следени од возило марка  Мерцедес со скопски регистарски ознаки. Во близина на касарната Илинден им бил попречен патот од Ауди со скопски регистарски ознаки, од кое излегле неколку лица и со палки и со закана со пиштол, почнале да  удираат по возилото, а А.У. Д.А. и Д.Н. кои се превезувале во него се здобиле со расекотини од стакло.

Полицијата работи на случајот.

Коментари

Популарно