(ВИДЕО) Влатко Поповски: 600 работни места се отвораат секој ден во Македонија

На дебатата за „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразувани млади луѓе“, што ја организираше новоформираната невладина „Центар за европски иницијативи“, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски изјави:

132545512-28769

– Секојднево во РМ се отвораат отприлика 500 до 600 работни места, еве вчера се отворени првите работни позиции во „Џонсон контрол“ во Штип, каде се бараат многу експерти, рече Поповски

– Многу луѓе велат – јас ќе заработам во странство многу повеќе, но дали знаете дека од 100 заминати, само 5 успеваат. Само е добар маркетинг дека се заработува многу повеќе надвор од Република Македонија, ако се работи истото работно време што се работи во странство, тогаш, можеби не исто, но приближно ќе заработиме соодветно за живот во Република Македонија, додаде Поповски.

Коментари

Популарно