(ВИДЕО) Шведска стана првата земја со сопствен телефонски број

maxresdefault(58)

Шведска вчера стана првата земја во светот која доби сопствен телефонски број, а екипата на шведскиот портал „Локал.се“ решила да го испроба како функционира.

- Малку се шокирав кога се јавивте. Се прашував што треба да кажам и на кој јазик? - е одговорот на Нина кога била воспоставена телекомуникациската врска помеѓу редакцијата на „Локал.се“ со нејзиниот дом во Готенбург, во западна Шведска.

40-годишната Швеѓанка е една од првите луѓе во Шведска кои одговориле на новата телефонска линија воспоставена од „Шведската туристичка асоцијација“.

Еве како функционира таа. Секој оној што се наоѓа надвор од територијата на Шведска може да се јави на т.н. „Шведски број“ (+46 771 793 336). Кога ќе се јават тие по случаен избор се поврзуваат со жител на Шведска кој е вклучен преку мобилна апликација .

Што ќе се случува понатаму зависи од јавувачот и Швеѓаните, но главната идеја е да се промовира Шведска во странство и странците да може да добијат можност да ги постават сите свои прашања поврзани со Шведска на реални луѓе отколку на официјалните туристички работници.

- Сакаме да им ја претставиме уникатноста и автентичноста на Шведска, земја која вреди да се посети, со можност да се шета, со одржлив турзиам и богато културно наследство. Ние исто така сакаме да креираме како национално така и интернационално познавање за Шведска - вели Магнус Линд, извршен директор на туристичката асоцијација на Шведска.

Според организацијата, кампањата во која ќе се вклучат неограничен број на жители ќе се одвива извесен период во кој тие ќе одговараат на истиот национален број, прв од ваков вид во светот.

- Во дигиталниот свет во кој живееме реалните разговори се многу важни. Затоа на Швеѓаните им ја даваме можноста да бидеме првата земја во светот со сопствен телефонски број, кој на сите жители ќе им дава еднаква можност да се изразат и да понудат совети за тоа што може да прават овде - изјавил Линд.

"In the digital world we live in the real conversation becomes ever more important. That's why we're giving the Swedes the opportunity to, as the first country in the world, get their own phone number (...) which gives all citizens a fair chance to express themselves and offer tips about what to do here," said Lind.

Коментари

Популарно