Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во неделата го прослави својот 29 роденден, a нешто порано на друштвени мрежи постави видео и ни претстави нов начин на опуштање.
Ѓоковиќ на Фејсбук се пофали дека сопругата Јелена учи на свири на клавир, а интересно е што на негово видео коментираше и основачот на познатата друштвена мрежа Фејсбук, Марк Зукенберг.
„Двајцата звучите убаво“, напишал тој, а Ѓоковиќ му одоговрил:
„Фала Марк! Ти и Присила сте одличен пример“
Сопругата на Ѓоковиќ на Инстаграм се пофали со торта која му ја поклонила за неговиот роденден.