Македонија од гостувањето во Гранада се враќа со убедлив пораз од Шпанија со 4-0, без постигнат гол, иако имаше по две изразени прилики за погодок и во првото и во второто полувреме.
Се чини најмногу полемики предизвика спорниот момент во 68. минута кога Хасани откако убаво беше проигран од Пандев, ја затресе противничката мрежа, но голот беше поништен поради наводен офсајд.
Оставаме на вас да процените, дали имаше или немаше недозволена позиција.