Што вели Огнен Амиџиќ за „разводот“ со убавата Македонка?

Познатиот водител Огнен Амиџиќ кој е во брак со убавата Макеодонка, Данијела Димитровска, остана како попарен во својата емисија, при гостувањето на парапсихологот кој го нарекуваат Балкански Нострадамус, Мевлудин Дуванчиќ.

Тој говореше за тоа кои парови од естрадата ќе се разведат, а меѓу нив ги кажа и водителот и неговата сопруга-манекенка.

Иако многумина се загрижија за прогнозата, бидејќи Балканскиот Нострадамус секогаш се погодува, сепак Данијела вели дека причина за паника нема и дека е сигурна дека нејзиниот барк ќе трае со години.

И водителот тврди дека нема причина да се грижат и двајцата.

– Го познавам повеќе од 15 години, секако се пошегува кога ни предвиде развод, вели низ смеа Огнен.

Коментари

Популарно