Облечен како кумановска невеста, водителот на 20. издание на музичкото шоу Златна Бубамара на популарноста, Сашко Коцев, после сите лудории што ги направи, при крајот на вечерта се појави и во невестински фустан.
Не се двоумеше многу пред да почне да со шегувања на сметка на австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц кој е чест гостин во Македонија, но и миленик на жените.
„Да клекне туј, од татка да праша, може ли да га земе руку на ову небричену невесту“, се шегуваше Коцев.