Бебето родено во авион на „Џет Еирвејз“ доби доживотна бесплатна карта за летање

Една индиска авиокомпанија поклонила доживотно бесплатно возење со нејзините авиони, на едно бебе кое било родено на нивен лет, пренесува СНН.

Џет ервејз соопшти дека мајката на детето, чие име не е соопштено, почнала предвреме да се породува на летот во неделата и тоа на висина од 10.000 метри. Авионот кој летал за јужниот индиски град Кочи, бил пренасочен кон Мумбаи, каде мајката и бебето биле одведени во локалната болница. Меѓу патниците за среќа бил и медицински техничар, кој помогнал во породувањето на жената.
 

Авиокомпанијата не ја навела националноста на детето родено на летот, но како што кажаа, ќе постојат повеќе опции за патување во Индија и пошироко. Џет ервејз е најголема компанија во земјата која лета на 65 домашни и меѓународни дестинации.

Бебињата родени во авион се вистинска реткост, а Џет ервејз со овој потег се придружи на компаниите Таи Ервејс и Еир Азија, кои се меѓу десетте компании кои даваат бесплатни авио билети за оние кои се родиле во нивните авиони.

Коментари

Популарно