(ВИДЕО) Заев ги смирува Албанците: Законот за јазици нема да падне на Уставен суд

Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат-М изјави дека се што било уставно дискутабилно во законот е тргнато и тој е пуштен на разгледување во Венецијанската комисија.

„Нашата намера е искрена, ние отворено застанавме во кампања за овие прашања, отворено застанавме дури и пред обидот за наша ликвидација, бранејќи ги овие вредности во кои веруваме. Ние веруваме дека употребата на јазиците на помалкубројните заедници е уставно дозволива работа и таму до кадешто Уставот тоа го дозволува, а е реална потреба на граѓаните треба да го овозоможиме. Секако, секогаш има можности и за критики но, јас заедно со партнерите од владејачката коалиција се договоривме дека не ни е воопшто потребно да носиме нешто како закон ако однапред знаеме дека ќе падне на Уставен суд, зошто би го правеле тоа? Така да, сето она што го има во законот е уставно и верувам дека законот ќе се донесе и конечно во Македонија оваа дебата од самостојноста на државата за потребите на помалкубројните етнички заедници ќе ги затвориме, за да отвориме поважни прашања.“ – изјави Зоран Заев – премиер на Република Македонија.

Коментари

Популарно