Богато, луксузно, дрско: Ова е Денис Штенгелов, милијардерот во чиј трговски центар загинале 41 дете и 23 возрасни

Познатиот руски милијардер Денис Штенгелов, сопственик на трговскиот центар “Зимска вишна” во Кемерово, каде во пожарот во неделата загинале 41 дете и 23 возрасни, не е во Русија и одбива да оди на сослушување. Еве кој е тој, како се збогатил и како живее неговото семејство.

Со оглед на тоа дека истражната комисија веќе утврдила дека алармите и противпожарните системи во трговскиот центар не функционирале, дека чуварите не биле обучени и дека излезите биле блокирани, на Штенгелов не му се пишува добро.

Првиот капитал го стекнал со велепродажба на семиња, а потоа купил фабрика за кондиторски производи и речиси сите свои конкуренти.

Роскошь на костях: как живёт миллиардер-владелец ТРЦ “Зимняя вишня” и его семья

СК допросит известного российского миллиардера Дениса Штенгелова по делу о пожаре в ТЦ “Зимняя вишня” в Кемерове. Дело в том, что, возможно, именно ему ТРЦ и принадлежал. Выяснилось, что в здании…

“Forbes” го вброил “Штенгелов Холдинг КВД” во 100-те најголеми руски приватни компании, што значи дека парите не му се проблем. Тој во главно ги троши на своите деца, кои живеат во Австралија и патуваат околу светот, но очигледно штеди на децата кои доаѓаат во неговите објекти, како што е трговскиот центар “Зимска вишна” во Кемерово.

Најстариот син на Штенгелов, Иван, дипломирал во “Саутпорт”, најскапо и најпознато училиште за деца. Себеси се нарекува “руски гангстер” и користи луксузни приватни авиони, зимува во најскапи ски-центри и оди на најскапи забави.

Сака да игра тенис и фудбал, па не ги пропушта најважните натпревари во Лигата на шампионите и се фотографира со ѕвездите.

Помладиот син, Алексеј, е поскромен од својот брат. На неговиот профил на Фејсбук има само неколку фотографии. И тој игра тенис, па татко му му изградил огромен спортско-рекреативен центар- Академија за тенис и голф.

Штенгелов се погрижил и за сите блиски роднини. Постарата сестра Јулија ја преселил од Швајцарија во Австралија, каде ја задолжил да води спортски комплекс.

Помладата сестра Оксана, менаџерка по струка, живее во Томск, каде има и ресторан.

Сите членови на семејството често изнајмуваат деловни авиони и не им е проблем за еден лет да платат десетина илјади долари. Децата сакаат да одат по забави и луксузни одмори во најскапите ски-центри и најубавите плажи.

Коментари

Популарно