Во реката Вардар забележано тело на непознато лице

Денеска околу 15:30 во Мало Турчане, Гостивар маж забележал тело на машко лице во водите на реката Вардар. Се обидел да го извади сам но не успеал, па случајот го пријавил во полиција.

Екипи на полицијата, пожарната и брза помош се на терен и преземаат мерки за пронаоѓање на телото и расветлување на случајот, потврдија за Алфа од СВР Тетово.

Неофицијално, извори за Алфа од терен говорат дека станува збор за машко лице на возраст од 18 до 20 години.

Извор: Алфа

Коментари

Популарно