Специјално отворени работни места за смејството на шефот на кампњата на Пендаровски

Членовите на ДКСК вчера утврдија дека во 6 од 18 случаи во кои беа вработени блиски роднини на пратеници или функционери на власта, критериумите во огласите биле местени за да одговараат токму за кандидатот кој требало да биде вработен.

Според овие заклучоци, влијание било извршено при вработувањата на сестрата, бабата и дедото на Кирацовски.

„Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, кусо одговори Кирацовски.

Непосредно пред да се објави огласот на кој била вработена Мирјана Јосифовска, сестра на Александар Кирацоски во Централен регистар, оваа институција направила систематизација на работните места и го зголемила бројот на советници за дистрибуција на информатички податоци од два на три, а како услов за вработување било наведено дека се бараат лица со завршен факултет по географија. Сите останатите кандидати кои се пријавиле биле дисквалификувани поради несоодветно образование. Исто така, по вработувањето, Јосифовска била испратена да работи во одделението во Битола каде што и живее.  Поради сето ова, ДКСК ќе побара да се утврди дали директорката на Централен регистер ја злоупотребила службената положба.

Во случајот со вработувањето на таткото на сопругата на Кирацоски во РЕК Битола, од Државната комисија за спречување на корупцијата велат дека директорот на РЕК Битола требало да објави оглас, а не да ангажира лица преку Агенција за привремени вработувања. По реакциите во јавноста, Поповски, дедото, се повлекол од работното место.

Мајката на сопругата на Кирацовски, пак, била вработена во училишниот дом „Мирка Гинова“ во Битола како технички секретар на работно место кое било креирано непосредно пред да биде објавен огласот.

За сите овие случаи, ДКСК ќе бара одговорност од директорката на Централен регистар, како и од директорот на РЕК Битола.

Коментари

Популарно