Селин Дион доаѓа во регионов

Селин Дион е една од најпопуларните, најценетите и најуспешните изведувачи во историјата на поп музиката. До своја осумнаесет годишна возраст освоила многубројни награди.Беше доминантна на топ листата во 90тите, а продаде околу 250 милиони албуми во текот на својата 35 годишна кариера. Добитничка на пет Греми награди, две награди од Академијата, седум Американски музички награди, 20 Juno награди (во Канада) и неверојатни 40 Феликс награди (Quebec). Со наградата “Diamond Award” во 2004 година се потврди нејзиниот статус како најпродаван музички уметник на сите времиња, а во 2016 година Billboard Music Awards и ја додели наградата за животно дело. Музичкиот спектакл на оваа музичка дива е концерт кој мора да се доживее!

Не ја пропуштајте шансата на 05.06.2020 да ги слушнете светските хитови како "MY HEART WILL GO ON", "BECAUSE YOU LOVED ME" и многу други во живо во Загреб.

Коментари

Популарно