Во болницата во Битола

Мртво новороденче било донесено вчера од страна на родителите во Клиничката болница во Битола, соопштија од битолската полиција.

„Завчера околу 13:35 часот од Болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство.

Бебето во болница било донесено од страна на родителите Р.А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција“, соопштуваат од полицијата. Од СВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно