Декември е месец кој ни ја носи зимата. Се менуваме на одреден начин, бидејќи минуваме повеќе време во топлиот дом, а помалку време надвор.
Но, со оглед на тоа дека ова е последниот месец од годината, кој ни ја носи новата година и надежта за нови нешта, потребни ни се мали нешта кои ќе ни донесат радост.
Љубов кон себеси
Дајте си љубов, запишете ги на лист хартија сите ваши мали победи. Препуштете се на активности кои ве смируваат и наполнете ги батериите. Не морате да го давате сето време на другите луѓе, туку мудро избирајте кому ќе ја дадете својата енергија. Дајте си приоритет на своето ментално, емоционално и физичко здравје.
Учење од грешките и простување
Секој од нас прави грешки. Животот без грешки значи дека не сме живееле. Но, на нас останува да преземе одговорност за своите грешки и да си простиме себеси. Животот продолжува, ние само можеме да го прифатиме тоа и да ги научиме лекциите кои доаѓаат со секоја грешка.
Поставување здрави граници
Некои луѓе ни ја трошат енергијата, колку и да ни се драги. Некогаш ни е потребно време за да го видиме тоа, или пак да си признаеме себеси дека тоа е така. Но, за да се заштитиме себеси, важно е да поставиме здрави граници. Не морате целосно да ги исклучувате луѓето од својот живот, но за оние кои не ви носат премногу позитивна енергија, намалете ја комуницикацијата и дружењето со нив сведете го на минимум.
Време за оние кои ни значат
Живееме во модерно време кога сите брзаме, но декември е тука да нè потсети на убавината на времето поминато со оние кои ни значат и кои носат радост во нашиот живот. Најдете време за овие прекрасни луѓе во вашиот живот.