Домашно подготвени крцкави фурнаринки, идеални како прилог на секое јадење ...
Потребно е:
260 гр брашно
60 гр пченкарно брашно
80 мл масло за готвење
160 мл млака вода
1 јајце
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув квасец
за посипување:
сол
малку сусам, мелена црвена пиперка, ким
Подготовка:
- Во еден подлабок сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
- Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
- Со помош на нож, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
- Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и посипете со сусам, сол и црвен пипер.
- Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги.