ВИДЕО: Уништување на компјутер од 3000 долари!

Ова видео покажува неколку начини како да уништите "Apple Mac Pro" чија цена *започнува* од 3000 долари! Експлозијата на крај, иако е навистина интересна во забавена снимка, сепак е малку жална.

The G33k! - Посетете ја единствената слободна зона за гикови!

Tри хороскопски знаци се ментално најсилните меѓу припадниците на зодијакот

Секој хороскопски знак има свои квалитети, но особено се истакнуваат луѓето родени во овие 3 знаци. Тие се предодредени за голем успех.

Неуспехот не им е опција, се што ќе започнат го претвораат во успех.

Ова се трите ментално најсилни хороскопски знаци:

Овен

Овенот е полн со енергија, виталност и е многу активен на сите полиња. По природа е љубопитен и амбициозен, па на секој чекор ќе наиде на можност да создаде успешен бизнис и да заработи пари.

Стравот е непознат за претставниците на овој знак, па затоа секогаш се подготвени за нови предизвици. Од друга страна, тие често делуваат премногу импулсивно, па секој Овен има барем еден непријател во својот живот. Тие не се плашат да го кажат своето мислење и затоа може да биде многу тешко да се работи со нив. Нивните најдобри квалитети се лидерството, енергијата и бестрашноста.

Шкорпија

Претставниците на овој знак имаат многу силен карактер. Ова е особено точно на емотивно ниво, бидејќи нивната страсна природа ги прави незапирливи. Кога размислуваат за нешто, не се откажуваат додека не постигнат успех. Имаат силен карактер и импулсивен темперамент.

Шкорпиите обично се многу критични, донекаде арогантни, а односите со нив често се полни со тешкотии. Нивните најдобри квалитети се решителност, истрајност и способност за постигнување цели.

Лав

Лавот е доминантен и роден лидер, па соодветно, неуспехот не е опција за него. Не се плаши од ништо и сака да стекнува познанства, да започнува бизниси и да наоѓа иновативни решенија.

Сепак, сето тоа понекогаш им се “удира од глава“, па импулсивно можат да направат погрешен чекор. Сепак, бидејќи се креативни, брзо се извлекуваат од секаква неволја.

Нивниот најдобар квалитет е харизмата со која зрачат и одлучноста да бидат најдобри во се.

(Видео) Необичната вештина на еден професор го освои Интернетот

Што е потешко, да се биде омилен професор или еднакво да се користат двете раце?

На тоа која рака ја користиме влијае контра страната на хемисферата на мозокот, па одредени експерти сметаат дека кај луѓето кои подеднакво се служат со двете раце ниту една хемисфера не им е доминантна.

Но, со сигурност можеме да кажеме дека еден професор по ликовно образование доминира во вниманието кое успева да им го привлече на своите ученици. Во продолжение погледнете го видеото.

Во Италија, ресторан наплатил две евра за празна чинија

Во италијански ресторан на гости им наплатиле дополнителни две евра за празна чинија. Имено, извесна Селваџија Лукарели побарала сад повеќе за нејзината ќерка да ги проба тестенините, а на сметката се појавила и таа чинија. Откако посетителката ја објави сметката на својот интернет-простор, и регионалниот гувернер Џовани Тоти јавно го осуди овој потег на ресторанот.

По лавината интернет-коментари, се огласи и Ида Германо, сопственичка на угостителскиот објект „Остерија дел Каволо“ што се наоѓа на брегот на Џеновскиот Залив.

– Трошоците се оправдани бидејќи тоа е повеќе работа за нас… Оти повеќе чинии за нас значат повеќе садови за миење, рече таа.

Инаку, само неколку дена претходно друг турист во Италија објави дека и сечењето сендвич во ресторан на езерото Комо му било наплатено. И тука сопственичката на ресторанот се правдала дека „дополнителните барања имаат своја цена“, пренесува „Ла република“.

Популарно