На 24 јуни ќе се освети крстот во Аеродром

Осветувањето на Македонскиот Крст во општина Аеродром, во ктиторство на Светскиот Македонски Конгрес, како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, ќе се изврши на 24 јуни 2014 година во 11.00 часот.

pravoslaven-krst500

Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски во сослужение со повеќе епископи на Македонската Црква и свештенослужители на Скопската Епархија.

„Бербер шоу“ во Скопје по повод месецот на машкото здравје

Секцијата на фризери при Занаетчиска комора - Скопје денеска во Скопје традиционално ќе одржи „Бербер шоу“ на фризери по повод месецот на машкото здравје „Movember“, каде ќе учествуваат мајстори - бербери од од целата држава, кои ќе се погрижат за изгледот на оние, кои ќе дојдат за да им се средат брадата и мустаќите.

- „Movember“ е настан за првпат инициран во Австралија во ноември 2003 година, со цел да ја подигне свеста за грижа на машкото здравје и рано откривање здравствени проблеми кај мажите. Во таа насока,секоја година во месец ноември - месец посветен на машкото здравје, се предизвикуваат мажите да пуштат мустаќи, појаснуваат организаторите.

Настанот ќе се одржи во трговскиот центар „Дајмонд мол“ со почеток од 11 часот. 

Свикана итна седница на Советот на Град Скопје

За утре во попладневните часови е свикана вонредна седница на Советот на Град Скопје, потврди вечерва претседателот на Советот, Трајко Славевски. 

На неа се очекува да се расправа за проблемите во јавниот градски превоз, но и за подигнување на нивото на хигиена во градот.

Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот

Скопје утрово се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 153.

На листата на IQAir , Скопје е рангиран како шестти најзагаден град во светот по Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и Ташкент во Узбекистан.

Министерот за животна средина Изет Меџити пред неколку дена изјави дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе мерки. - Со комплексот на мерки кои ги преземаме полека но сигурно ќе влијаеме да има почист воздух и почиста животна средина, порача Меџити.

Како позитивен пример го оцени последниот проект на Владата за доделување средства на општините за реализација на капитални проекти, зашто, како што рече, 40 отсто од нив се за еколошки проекти и за подземна инфраструктура со што индиректно помагаат за почист воздух.

-Работиме интензивно на намалување на загадувањето кое е проблем. Точно е дека долго време Скопје и некои други градови во Македонија се високо загадени особено урбаните средини, но точно е и дека во последните години се намалуваат деновите во кои воздухот е најзагаден. Има и други мерки од Министерството и од Владата. Деновиве во функција ќе бидат ставени и средствата од ЕИБ во износ од 50 милиони евра за подземна инфраструктура во сите општини кои досега не беа искористени, рече Меџити при посетата на депонијата Дрисла во Скопје.

Според анализите во повеќе градови, како што истакна, главниот фактор за загадувањето на животната средни се домаќинствата кои се греат со огревни дрва или со несоодветни горива. 

Популарно