Американската комичарка Челси Хендлер не престанува да провоцира со контроверзни фотографии на социјалните мрежи, а овој пат Челси снимила топлес фотографија среде Светата земја додека нејзините брадавици ги покрила со налепници на кои е насликана Давидовата ѕвезда.
Водителлата се фотографирала топлес за да изрази протест против двојните стандарди кои се однесуваат на жените кога станува збор за разголените фотографии, но сега со своите топлес фотографии вовела и политички момент. Така познатата комичарка се фотографирала топлес во Израел качена на камила, со налепници со симболот на еврејската држава.
- Муслиман и дозволи на Еврејка топлес да седне на енговата камила. А влеат дека не можеме да живееме едни покрај други. Јас велам да се обидеме, бидејќи можеме и бидејќи сакаме. А дури и не мора да бидете топлес - напишала Челси во коментар под фотографијата која ја објави на Инстаграм. Таа периодов престојува во Ерусалим каде настапува како комичарка, а најавила и ексклузивно интервју со претседателот на Израел, Шимон Перез.