Според 68% од граѓаните во Македонија мрежата на Т-Мобиле е најдобра!!!

 Ова е заклучок од истражувањето на агенцијата БРИМА, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International, спроведено во февруари оваа година

 Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години

T-Mobile-logo

Дури 68 отсто од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Тоа е главниот заклучок од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во февруари оваа година. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години. За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервју со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.

Изборот на мрежата на Т-Мобиле за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции реализирани од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.

Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во Дојче Телеком Групацијата, додека пак Т-Мобиле прв ја воведе 4G мрежата и за само една година достигна 50% покриеност на населението и 20% покриеност на територијата со најновата 4G технологијa.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно