Сестрата на Јованка Броз открива неколку занимливости за Маршалот Тито

Сестрата на Јованка Броз, Нада Будисајлевиќ во книгата „ Мојата сестра Јованка Броз“ открива занимиливости од животот на Јосип Броз Тито и првата дама на СФРЈ. Доживотниот претсењдател во време на неговото владеење го посетувале многу филмски ѕвезди од странство и тоа на него многу му пријало, а и на Јованка.

oifrgfvearjgoirhtjhyju

- Еднаш Титот ми даде да прочитам писмо кое му го напишал Ричард Бартон. Сакав да видам како Бартон пишува, му напишал рачно писмо. Тоа за мене беше многу интересно. А во писмото на Бартон пишуваше дека му е непијатно што играл во филмот „ Sutjeska“ и го глумел Тито, му напишал дека  не сака луѓето да го гледаат и да го споредуваат со Тито, и дека чувствува како да губи во тоа споредување, раскажува Нада и додава. Инаку мисалм дека Тито бепе горд и задоволен што Ричард Бартон го глумел неговиот лик бидејќи во тоа време Ричард Бартон и елизабет Тејлор беа најголемите филмски ѕвезди во светот.

Сестрата на Јованка раскажува дека Тито уживал да готви и на Софија Лорен и приготвил штрудли со јаболки.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно