Денеска го славиме Св. апостол и евангелист Матеј

Од омразен цариник до сакан Господов апостол

sv-ap-matej-24968

Кога фарисеите му приговарале на Исус дека се дружи со грешници, мислејќи на цариникот Матеј, тој им одговарал: „Здравите немаат нужда од лекар, туку болните“.

Именден празнуваат: Матеј, Мате, Матеја...

Светиот апостол и евангелист Матеј се викал Ливиј и бил цариник. Во тоа време цариниците и луѓето што собирале данок биле презрени и омразени од Јудејците поради тоа што од Божјиот народ собирале пари за неверникот окупатор односно за римските власти. Кога Свети Јован Крстител го подготвувал народот за доаѓањето на царството небесно, односно кога ги повикувал луѓето да се покаат, најавувајќи го доаѓањето на Спасителот многумина цариници и порезници дошле кај него прашувајќи го што да прават. На тоа тој им одговарал: „Не земајте повеќе од одреденото“.

Светото предание раскажува дека еднаш кога Исус минувал покрај местото каде што се собирал данокот го забележал и цариникот Ливиј кого го повикал со зборовире: „Идеј по мене“. Овој веднаш тргнал по Исус, ја напуштил својата дотогашна професија, а за спомен на тоа го зел името Матеј, што значи цариник. Потоа приредил вечера на која заедно со Исус поканил и повеќе свои пријатели. На вечерата присуствувале и повеќемина фарисеи кои го нападнале Исус затоа што се дружел со грешници. На тоа Исус одговорил: „Здравите немаат нужда од лекар, а болните...“ (Матеј 9-12)

Така Матеј станал еден од 12-те Христови апостоли, а осум години по неговото воскресение на барање на апостолите тој го напишал Евенгелието што се карактеризира со лесен и разбирлив стил на изнесување податоци за животот на Исус Христос.

За животот на светиот апостол Матеј малку се знае. Тој е брат на Јаков Алфеев, а заедно со другите апостоли Христовото учење го проповедал во Персија, Индија и други земји. Животот го завршил маченички.

Евангелието по Матеј е најсеопфатно, зашто започнува со настани уште пред раѓањето на Исус и завршува со неговите зборови упатени кон неговите ученици пред да му се врати на Бога Отецот Негов: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги... и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал“.(Матеј, 28/19-20) Матеј често го цитира Стариот завет кога некое сведоштво дополнува некои настани.

Содржината на Евангелисто докажува дека било напишано со цел да истакне дека Исус Христос е ветениот Месија и Искупител.

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно