Kој ги менувал времињата на постовите на профилот на Стефани?

stefni-640x640-1-640x396

Останува нејасно што ја натерало дваесетгодишната девојка да си го одземе животот, нејзината мајка да тврди дека ќерката е силувана, а момчето на мајката да го претепа таксистот кој ја донел дома Стефани и кој според МВР е „чист”. Не се знае кој го користел профилот на девојката на социјалната мрежа „Фејсбук” со часови по нејзината смрт. Единствено познато е дека девојката имала психички проблеми, но не и дали тие се причина за самоубиството. Од Обвинителството ги чекаат дополнителните резултати од обдукцијата, а шпекулациите кои се појавија и кои ја подгреаја јавноста единствено можат да се отфрлат со полиграфски тест на сите лица кои имале каков било контакт со Стефани во последните 48 часа од нејзиниот живоt.

Дваесетгодишната Стефани Брзанова вчера беше погребана, но причината за нејзиното самоубиство се уште останува мистерија и само ги подгрева бројните шпекулации кои веќе кружат во јавноста. Брзанова во средата околу пладне си го одзеде животот фрлајќи се од деветти кат од станбена зграда во населбата Аеродром. Веднаш по смртта на девојката во јавноста се огласи нејзината мајка, преку порталот “Либертас”, со изјава дека била силувана, а силувањето пријавено и осомничениот уапсен, но еден ден подоцна и МВР излезе со официјална информација дека таксистот кој ја донел дома Стефани бил нападнат од момчето на мајката. Јавноста веднаш побара најстрога осуда за таксистот, а имаше и повици за линч.

Она што навидум изгледаше сигурно, односно дека таа си го одзела животот поради сексуалниот напад од таксистот, набрзо го демантираа сите. Единствено се потврди информацијата дека младата девојка имала психички проблеми.

Обдукцијата на телото на Брзанова покажала дека нема никакви траги на насилен сексуален однос, а нејзината мајка, Александра Каранфиловска, во официјалната изјава дадена во полиција не спомнала ниту збор за какво било силување ниту пак има каква било официјална пријава. Каранфиловска не се штедеше во комуникацијата со медиумите па набрзо ретерираше во изјавите и се сведе дека Стефани и кажала дека некој “со сила спиел со неа”, а облеката и била растргана, а потоа и вината ја фрли врз средното музичко училиште каде и бил набиен комплекс на Стефани, која потоа токму поради тоа страдала од депресија.

Од Обвинителството пак соопштија дека се земени траги од возилото на такси-возачот и побараа да не се шпекулира со информации во јавноста за овој случај и да се почека на резултатите од обдукцијата и истрагата. А шпекулации има многу, премногу за еден ваков осетлив случај. Речиси сите не се ниту вредни да се споменат, ниту пак е етички, но одредени медиуми очигледно не сметаат така. Затоа МВР и Обвинителството мораат овој случај да го третираат како приоритетен и во најбрз можен временски рок да ја завршат истрагата.

-Она што е битно е точно и прецизно да се утврди какви психички проблем имала младата Стефани и дали имало потреба да се лекува, а ако е така, зошто не била лекувана. Мора да се причекаат и токсиколошките резултати од обдукцијата кои треба да потврдат дали Стефани пиела алкохол ноќта пред да си го одземе животот, или утрото, дали користела седативи или дрога.

361661-samoubistvo-so-mnogu-misterii-i-shpekulacii-520x477

Нејасно е и кој и зошто го користел и ракувал со нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи во јавноста веќе се откри дека некој ги менувал времињата кога се поставени постовите, односно сликите.

Свршеницата на Никола Карев умрела со неговиот свршенички прстен на раката

Големата љубов на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, и учителката Коца Тасева-Хаџова била кратка, но бурна и трагична, какво што било и времето во кое се случила – Илинденското востание и Крушевската Република. Во џебот на палтото на војводата Карев дента кога бил убиен, пред сто и девет години, кај селото Рајчани, Кочанско, аскерот ја нашол фотографијата на неговата свршеница. Таа фотографија, всушност единствената фотографија на Коца, била објавена во турските весници неколку дена подоцна, заедно со информацијата за убиството на Карев. Пред да биде отстапен на Архивот на Македонија, еден примерок од тој весник долго време се чувал во домот на семејството Кареви во Крушево.

Скршена од поразот на востанието, учителката Коца Тасова-Хаџова, по задушувањето на Илинденското востание и пропаста на Крушевската Република, со свршеничкиот прстен на раката и големата златна меџидија зашиена во работ на фустанот заминала од Крушево за Костур, а следната година се вратила во својот роден град Струга. По разделбата со својот свршеник во 1903 година во Крушево, двајцата веќе никогаш не се виделе. Умрела во 1907 година, две години по убиството на Карев. Прстенот и златната меџидија, подарок од Карев, заедно со личните предмети и облека на Коца по нејзината смрт долго се чувале во домот на Хаџови во Струга. Многу години подоцна свршеничкиот прстен и меџидијата како семејно наследство ги зела Даница, помладата сестра на Коца Хаџова, а другите лични предмети и облека останале кај постарата сестра Ленка.

Пред неколку години, при последниот разговор со неа, тогаш осумдесет и двегодишната Вера Кумбароска од Струга сѐ уште живо се сеќаваше на времето кога во 1939 година, на нецели 16 години, се омажила за Димитар Кумбароски, син на најстарата сестра на Коца Тасова-Хаџова. Нејзината свекрва умрела во 1947 година, но во тие осум години, колку што живееле заедно, речиси немало ден Ленка да не ја спомне својата покојна сестра. Од неа Вера дознала за свршеничкиот прстен, но и за знамето на Крушевската Република, извезено со косата на Коца. Знамето што сама го извезла, Коца го донела од Костур во Струга, и до 1917 година било скриено во црквата „Свети Ѓорѓи“.

Во 1917 година Ѓорѓи и Сотир Чакарови, бегајќи заедно со Бугарите, со себе во Софија го однеле и знамето: „Во 1984 година, преку врски на наши роднини во Софија, успеав да го видам знамето со свои очи. Се растреперив и не можев да ги сопрам солзите кога ја допрев косата на тетка ми Коца. Да не го однеле Чакаровци во Софија, тоа знаме денес можеби ќе беше во некој наш музеј. На Музејот на Крушевската Република, на пример, јас му предадов повеќе предмети на Коца, меѓу кои и пелерина, полче (блуза), бојче (здолниште) и друго. Се разбира, сето тоа го предадов без никаков надомест. Дома зачував само еден нејзин фустан, пелерина и шеширче со фарош, со мрежа за над очите. Тоа е тежок фустан од црна свила, од кребањо, купен во Солун во почетокот на минатиот век. Фустанот е со пласрон, кој паѓа над градите и е сошиен по врвна мода во тоа време. Со тој фустан тетка Коца се свршила со Никола“, се сеќаваше Кумбароска.

Според неа, фустанот, стар сто години, не беше само големо национално богатство туку и нејзина приватна реликвија. Самата ни кажуваше дека често го вади од орманот, го закачува во собата и со часови го гледа замислувајќи ја неа. Гледајќи го фустанот, можела да замисли дека Коца била многу лична, стројна и висока жена; вистинска убавица. Оттука претпоставуваше дека со Никола Карев биле прекрасен пар, зашто читала дека и тој бил убавец. За жал, неговиот свршенички прстен и златната меџидија, според Кумбароска, ги собрала од куќата на своите родители најмалата сестра на Коца, Даница, која исто така била учителка. Подоцна таа прстенот и меџидијата ѝ ги подарила на сопругата на својот син Боро, всушност на снаата Љупка Чакар, правник во пензија. Прстенот бил од старо злато, тежок и уникатен, со изгравиран лик на војвода, веројатно на Никола Карев. Златната меџидија била направена од пет златни турски лири. Старицата се надеваше дека Боро и Љупка Чакар би можеле да го дадат барем свршеничкиот прстен за музеј, зашто тој е дел од македонската историја, а не само приватно богатство.

 Во него била облечена дента кога била прогласена Крушевската Република, но во него била облечена и на скромната свршувачка со Никола Карев. 

Според сеќавањата сочувани во семејството, Коца била погребана со големи почести од граѓаните на Струга во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“, веднаш зад олтарот. Подоцна гробот бил преместен, но и покрај тоа Ленка, најстарата сестра на Коца, секој Велигден оставала црвено јајце токму на тоа место, зад олтарот на црквата.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Популарно