Почина актерот Сефедин Нуредини

Почина актерот на Албанскиот театар Сефедин Нуредини.

Замина големиот актер и човек Сефедин Нуредини. Роден е на 24 јануари 1953 година во Куманово, почина на 14 јануари 2017. Актерска игра дипломира 1978 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје, и како додека студираше, продолжи да игра во тогашната Албанска драма при Театарот на народностите – Скопје, во чиј репертоар целосно се изгради како актер ѕвезда. Зад него се стотина ликови од кои најголем дел носечки. Нив Сефо неуморно ги создаваше во театарските претстави, а оствари и голем број на ликови во тв серии и филмови од домашна и странска продукција. Своето богато актерско искуство им го пренесуваше и на младите актери – студенти по глума, со свои класи на албански јазик при театарските академии/факултети.

Во периодот од 1991 до 1995 година беше директор на Албанската драма, а потоа, едно време, од 2000 година беше и генерален директор на Театарот на народностите – Скопје.

Од големиот актерски опус на Сефедин Нуредини ќе ги паметиме ликовите на Зедридеси („Планета на мрзливците“), Соколе Ефрутоски („Големата вода“), ликовите во претставите „Матуранти“, „Политичко венчавање“, ликот на Поручникот („Да се спаси надежта“), потоа во претставите „Нита“, „Глувци и луѓе“, „Скротител на луѓе со смарагдни очи“, „Најтешкиот испит“, „Јас, Халил Гарија“, „Хамлет од Долно Мрдуши“, „Пахинтика во сон“, „Дожд во Уертемонто“, „Сауна“, „Сурати“, „Хамлет“, „Гробишта на автомобили“, во „Таинствени седенки“, „Војцек“… го одигра Прометеј во „Прометеј“… Последен лик му е Џо Келер во „Сите мои синови“ чија премиера беше кон крајот на октомври 2016 година. Со тој лик, најверојатно свесен за болеста која го разјадува, Сејфо беше брилјантен но и свесен дека се „збогува“ со сцената. Претставата имаше само премиера – тешката болест го правеше своето…

Сефо беше ценет и почитуван актер, човек и другар кој несебично се даваше на неговата љубов – театарот. За одиграните ликови доби повеќе награди, меѓу кои се „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ за ликот на Поручникот во „Да се спаси надежта“, наградата за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за Прометеј во „Прометеј“, наградата „Александар Мојсиу“ на Националниот фестивал на професионалниот албански театар (Албанија) – напиша Лилјана Мазова.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг пријател и колега, актерот на Албанскиот театар од Скопје, неповторливиот Сефедин Нуредини.

Неговата прерана смрт остава ненадоместлива празнина, не само во ансамблот на Албанскиот театар, туку и во македонскиот театар воопшто.

Ќе го паметиме по извонрендите крации  и бескрајната љубов и посветеност кон магијата наречена театар“ – стои во реакцијата од колективот на Драмскиот театар во Скопје.

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно