Поради загаденоста на воздухот „пар-непар“ во Скопје?

Во Скопје да се воведе посебен сообраќаен режим за возилата кои би се ограничиле по пар-непар, како и да се задолжат државните и јавните институции да го преполоват користењето на службените возила. Овие предлози Министерството за животна средина веќе ги доставило до Владата како дел од мерките кои би се презеле за да се намали загадувањето во главниот град, а за кои министерот Башким Ахмети информираше на завршната конференција „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на квалитетот на воздухот".

- Во рамки на проектот беа зајакнати административните капацитети за спроведување и мониторинг на воздухот, се изготви инвентар на емисии на загадувачки супстанци на национално ниво, се подобри дисперзионото моделирање за оценка на квалитетот на амбиенталниот воздух и се спроведе кампања за дополнителни мерења со цел утврдување на моделите на извори. Изготвен е извештај за состојбата со квалитетот на воздухот во последните години, подобрена е функционалноста на порталот за квалитет на воздухот и изготвени се плански документи за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Тетово, рече Амети.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека проблемот со квалитетот на воздухот не знае за граници и ЕУ ги поддржува властите во изнаоѓање и менаџирање на мерки и планови за справување со загадувањето на амбиенталниот воздух.

- Загадувањето на воздухот е проблем низ цела ЕУ и наспроти одредени подобрувања годишно предизвикува 400 илјади смртни случаи. ЕУ става големо значење на квалитетот на воздухот во секоја земја и со овој проект на националните и локални институции им се овозможува подобрување на капацитетите за имплементирање на законодавство и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, како и за зголемување на свеста на граѓаните, рече Жбогар.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Популарно