Миломир Мариќ: Во убиството на Јелена се вклучени повеќе лица

„Приказната за тоа како таа трчала па ја убил некој случаен минувач уште од почетокот изгледаше празна и целосно неуверлива“, вели Мариќ.

Пред три недели Миломир Мариќ изјави дека Зоран Марјановиќ ќе биде уапсен ако влезе во шоуто „Задруга“, а по апсењето на Марјановиќ, уредникот на телевизијата „Хепи“ рече дека не е видовит туку само логично размислувал.

Целата приказна од почеток изгледа многу мистериозно и некако логичен е заклучокот дека Зоран наскоро ќе биде уапсен.

Новото форензичко испитување укажува на тоа дека Јелена не е убиена на насипот. Приказната за тоа како таа трчала па некој случаен минувач ја убил уште од почетокот изгледаше празна и целосно неуверлива. Очигледно е дека е убиена некаде на друго место и донесена на насипот, и дека во сето тоа учествувале повеќе лица, а трагите се скриени на различни начини“, изјави Мариќ и додаде дека стигнал до нови сознанија во истрагата.

„Инспекторот кој го води случајот е сменет пред неколку месеци и од тој момент злосторството почна да се расплеткува. Некој, се чини, се обидел да ги сокрие трагите. Зошто го сторил тоа, никој не знае, само знам дека Зоран Марјановиќ не е некоја важна личност за инспекторот да го направи тоа поради него“, убеден е Мариќ.

Јелена Крсмановиќ беше убиена пред година ипол, а според најновите сознанија од ситрагата ништо не е онака како што се мислеше. 

Имено, Јелена не била убиена на насипот кај Борча, во Црвенка каде кобниот ден џогираше, туку била грабната од повеќе насилници, била мачена, а потоа утредента оставена на насипот каде и беше пронајдена целата крвава.

Сега истрагата е усмерена кон бизнисменот со кој нејзиниот свекор тврди дека била во паралелна врска.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Популарно