Улични измамници си поигруваат со чувствата на луѓето

Низ градот може да наидете на луѓе кои бараат пари за превоз, за своите болни деца, гледаат на дланка.На овие изманици најчеста мета им се постарите жители од кои може најмногу да се извлечат пари, но има и луѓе кои сакајќи да бидат хумани, стануваат жртви на улична измама.

Измамниците ја кријат својата игра низ приказна на тажни судбини, загуба на некој од семејството или болест.

Интересна ситуација и се случила и на Ана.М.(40), кој на сред улица бил пресретнат од измамник, кој и побарал пари за неговто болно дете.

-Се сожалив и му дадов 200 денари, ова се случи на плоштад по извесно време шетање низ ГТЦ налетав на истиот човек кој си седеше со друштво мажи и си пиеше ракија, непријатно се изненадив како некој е способен да излаже, а парите да си ги намени за алкохол, вели Ана.М.

Чести се ситуациите каде измамниците одат од стан до стан и се преставуваат дека немаат пари за леб или имаат болно дете.

-Пред некој ден на вратата ми заѕвони маж околу педесет години, ми се претстви дека бил сираче и дека израснал сам и сега проси од врата до врата за да му се даде пари и облека.Му дадов 50 денари и едни чевли. Ги погледна парите како малку да му беа и прдолжи да ѕвони по другите станови.По 15 минути излегов да фрлам ѓубре позади зграда и налетав на истиот човек како си влага во такси, зачудено раскажува Весна.Р.(60).

Слична е и ситуацијата со децата кои просат по улиците и трговските центри низ градот.

-Пред некој ден на едно мало ромче му купив бурек за да се најаде, се почуствував во моментот убаво, за кратко откако излезе од бурекџилницата детето го фрли бурекот во канта за ѓубре, се зачудив.Очигледно чекаше пари да му дадам за да ги однесе на главниот организатор кој ги тера да просат по улиците, вели Маја.П.(25).

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно