(ФОТО+ВИДЕО) Луксуз на сите страни: Погледнете како изгледа најскапиот приватен авион и колку чини лет со него

Изработката на најлуксузниот авион на светот „2-DEER“ чинело отприлика 230 милиони долари.

Опремен е со најнова техника, голема спална соба и доволно простор да нагости 40 луѓе.

Комерцијалниот „Боинг 787 Дримлајнер“ може да превезе помеѓу 240 и 335 патници, а неманата на овој модел е малку различна.

При влегувањето во авионот прво се поминува низ лоби кое води до ходникот од дрво, а потоа се стигнува до главното лоби полно со удобни фотелји и лејзи-бегови во кои може да седат 16 патници.

Главниот ланч бар има две големи маси за оброк, кафе, попладневен чај, а меѓу посадата е и приватниот кувар кој е задолжен за храна во текот на летот.

После оброкот, вистинско време е за да се опуштите со некој добар филм и приватно кино.

Спалната соба има свое купатило во кое можете да уживате во топла купка во текот на летот.

Цената на изнајмување на ова летало за еден лет изнесува 20.000 долари.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно