Зорица Заева на модна писта

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, в недела ќе биде дел од модната ревија во Струмица во клубот „Индустријал“. Појавувањето на Заева на модната писта е во знак на поддршка на лицата со ретки болести, настан што секој декември го организира здружението „Вера“. Модната ревија ќе започне во 16 часот и годинава е под мотото „Убави сме, свои сме“.

Моделите ќе носат облека од бутиците во Струмица, а музика ќе  пушта диџеј Цако, односно Александар Матковски. Влезот е 50 денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, „Вера“ од Струмица“.

„Од сѐ срце прифатив да чекорам по модната писта заедно со децата со цел да се подигне јавната свест за лицата со ретки состојби. Сите ние мора да се вклучиме во интеграцијата на овие лица во општеството и да се бориме за нивно прифаќање. Моја поддршка за сите нив и апел за прифаќање на различностите“, изјавила Заева за „Фокус“.

Успешно реализирана работилницата за ментално здравје во организација на KARIERA.mk

На ден 30.01.2025 год. во Хотел Панорамика се одржа работилница за ментално здравје предводена од Розалија Секулоска и Цветанка Штерјова Бурзевска докажани експерти во полето на психотерапијата во организација на KARIERA.mk  

Во текот на работилницата се дискутираше за стратегии како:

  • Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа
  • Како да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес
  • Како да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување
  • Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Involve Development, Cleanex Professional, NLB, Polyesterday, Alkaloid, Unija Smart Accounting, Pikasa, Cemеtarnica USJE, Maliqi Group, Telelink Infra Services, Marquardt Macedonia, KIEL Macedonia, SilverLeads.co, Wik Makedonija, Штедилница Можности, OKTA AD, Imperial Tobako, Агенција за електронски комуникации, КAM Маркет.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

(Фото) Нашите убавици во бикини !!!

Естрадните македонски пејачки и манекенки и годинава ги почестија своите фанови со фотографии од летните одмори на кои можат да се видат нивните прекрасни тела во бикини. Во оваа прилика ви пренесуваме дел од фотогафиите што ги објавија пејачките Викторија Лоба и Елена Ристеска, манекенката Марјана Станојковска и водителката Лила Филиповска. Фото: Инстаграм/Фејсбук/Лоба/Ристеска/Станојковска/Филиповска"

Дали Бред Пит ќе биде Македонски зет?

Нашата актерка Јелена Мијатовиќ, позната по култната улога на Шила, во македонскиот игран филм „Самоуништување“ се гледа со Бред Пит. До нашата редакција беше испратена ексклузивна папарацо фотографија на која се гледа како Бред Пит и Мијатовиќ уживаат на засега за нас непозната локација. Немаме информација како Мијатовиќ и Пит  се запознале, а и читателот што ни ја испрати фотографијата не нуди повеќе детали.

Дали двајцата глумци работат на некој заеднички проект или ги поврзува нешто повеќе од работата останува да видиме. Од фотографијата што ја добивме на нашиот e-mail се гледа дека врската меѓу Бред и Јелена не е само колегијална. Деновиве ќе се обидеме да се поврземе со Јелена Мијатовиќ за да ја прашаме во каков проект учествува со холивудската ѕвезда и дали да очекуваме дека поранешниот маж на Џенифер Анистон и Анџелина Џоли ќе стане македонски зет

Популарно