ФОТО: Цеце од Скопје во друштво на Ријана

Скопјанката Цеце Стевковска, која работи како стујардеса за ВИП-личности во компанијата „Етихад ервејс“ во Абу Даби, неодамна се запозна со светската поп-пејачка Ријана.

„Едно утро ми јавија дека во летот Дубаи -Њујорк ќе имам ВИП-личност и дека јас треба да бидам задолжена за неа. Кога се упатив во ВИП-делот ја препознав Ријана. Навистина бев возбудена. Таа патуваше со двајца телохранители и две шминкерки. Изгледаше прекрасно. Беше спонтана и немаше некои посебни барања. Не глумеше ѕвезда“.

Стјардесата, воодушевена од Ријана, вели дека била убава и без грам шминка на неа. Во краткиот разговор со Ријана, Цеце ѝ кажала дека е од Македонија. Во текот на летот поп-ѕвездата нарачала кавијар, црн леб и шампањ.

„Пред да слета во Њујорк, една од шминкерките ја нашминка. Се сликавме, а таа беше навистина расположена“, рекла Стевсковска.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно