Сандра Мијалкова искрено за кариерата и љубовта со Сашо Мијалков

Примабалерината Александра Мијалкова уште на прва остава впечаток на едноставна и спонтана личност. Умерена, опуштена во разговорот, сѐ уште под импресии од неодамнешната премиера на балетската претстава „Либертанго“, која се играше во МОБ.

Претставата помина одлично. Аплауз, публиката на нозе, овации за изведбата. Приказната е за познатиот композитор Астор Пијацола како и за настанувањето на тангото како танц.

„ Преубавата музика за мене беше инспирација за игра, како и движењта преку кои се искажува страста, љубовта, конфликтот, а тука се и преубавите бои на претставата. Сето ова многу и се допадна на публиката. Ги пренесовме нашите емоции на публиката, а тоа се виде и од громогласниот аплауз. Се радувам на следната изведба“, вели примабалерината Мијалкова за „Репортер“.

Повеќе од 25 години е на балетската сцена. Зад себе има многу одиграни улоги, претстави, секогаш беспрекорна во изведбата. Јубилејот во балетот го одбележа со претставата „Клеопатра“ за која вели дека ѝ е една од омилените балетски претстави.

„Жалам што е тргната од репертоарот, но се надевам дека набргу пак ќе се врати“, вели Сандра.

Од мало деветгодишно девојче, кое дома играло пред огледалото, до примабалерина која ќе го понесе товарот на целиот репертоар секогаш кога ја има главната улога, Мијалкова вели дека не било лесно и едноставно. „Балетот бараше од мене многу одрекувања,  многу труд и многу работа“, раскажува таа.

Нејзината мајка, балерината Смилка Георгиевска, решила на 9 години да ја запише на балет. „Замисли, моите другарки една година пред мене тргнаа. Многу плачев, но мајка ми сметаше дека треба да тргнам една година подоцна. И ми рече, ако те бидува, ќе играш, ако не, немам намера да дозволам да играш во последните редови“, искрена е Сандра. И додава:„Подоцна кога ги добивав главните улоги, мајка ми и татко ми, секогаш ми велеа, дека успехот после добро одиграната претстава, да го прифтам нормално и да не летам во облаци дека сум ѕвезда. Јас сум многу самокритична како човек, секогаш мислам дека може подобро, а тоа всушност мислам дека е добро за нашата работа, зашто води кон напредување. Ако мислиш дека си најдобар, најубав и најпаметен, ќе стагнираш. Успехот и неуспехот треба нормално да ги доживуваш и да знаеш да се носиш во секоја ситуација“, вели таа.

И додава дека иако некогаш имала тешки моменти, кога можеби и сакала да се откаже, сепак успевала да го преброди тоа. Најтешко можеби ѝ било кога синовите Јордан и Александар биле мали. Вели: „Тогаш ми беше навистина малку напорно. Децата беа мали, домашните обврски големи, беше напорно да се постигне секаде, на проби на сцена, дома, но со добра организација и разбирање секогаш има успех. Сепак, имав голема поддршка од мојот сопруг Сашо, кој да не беше покрај мене, јас и немаше да бидам толку успешна“, вели Александра.

Нејзината љубовна приказна со Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, започнала пред 27 години во популарното кафуле во тоа време „Рома“ во Мавровка.

Вели дека тука првпат се виделе. „Нам кафулето ни беше карши театарот и многу често одевме таму после пробите, а и таму имаше добро италијанско кафе, како ретко каде во градот. Таму најчесто се гледавме и се засвиѓавме. Тој имаше уште тогаш бизнис во Прага, Чешка а воедно и студираше, па ќе се случеше еден месец да го нема во кафулето, а јас го чекав да дојде. Подоцна започнавме врска, а по две години, се зедовме кога се роди и синот Јордан“, раскажува Мијалкова за тоа кога почнала љубовта со осум години постариот сопруг.

На шега вели дека морало да го почека да дипломира, па да ја направат свадбата, која била во тогашниот хотел „Грант“, денешен „Холидеј ин“. 

„Тоа беше навистина весела свадба. Многу се играше, особено што имаше многу балерини, па некако навистина беше многу весело“, раскажува примабалерината.

Интересна е приказната за црвениот плик што го добила од Сашо, кој тогаш ѝ бил дечко, на првата премиера кога имала 18 години. „Бевме веќе во врска со Сашо. Јас првпат добив главната улога на девојката во „Епот за Гилгамеш“. Тој не беше во Скопје, туку во Прага. Се слушавме тогаш на обични телефони, бидејќи мобилни немаше памтам, а тој секако знаеше дека имам премиера. Кога заврши премиерата, јас на сцената, покрај цвеќето добив плик, но од возбуда не му обрнав внимание. Кога се качив во гардероба го отворив, гледам телеграма од Сашо, ми ја честита премиерата. Многу бев среќна, зашто организирал и темпирал на сцена да го добијам. Од секогаш знаел како треба со жената и навистина е голем романтичар“, раскажува Сандра. И додава дека нејзиниот сопруг ужива во класичниот балет.

„Тој има посебен однос кон уметноста и балетот. Да не е тој, немаше ни да бидам успешна. Секогаш ме подржувал во сѐ“. И синовите го сакаат балетот како уметност, ни откри Мијалкова.

Ја прашавме како успеала на тројца мажи да им го наметне балетот. Низ насмевка вели: „Едно женско сум, мора да ме гледаат и чуваат. Инаку јас многу сум блиска со Јордан и Александар, тие сега веќе се  големи, но многу ме почитуваат, а јас сум им како постара сестра и тука сум секогаш за нив, за да и дадам некој совет. Сѐ ми кажуваат, за девојките, за проблемите, разговарам отворено со нив, ги учам да почитуваат, да бидат воспитани, културни, љубезни и да ги вреднуваат правите работи во животот“, ни раскажа примабалерината.

Тие се секогаш се во првите редови заедно со татко им на секоја нејзината премиера или претстава. „Треба да има некоја многу голема работа за да бидат спречени“, додава Сандра.

На прашањето како стои со девојките на синовите, низ насмевка вели: Јас ќе бидам добра свекрва и знам дека ќе имам одличен однос со снаите“.

Александра ни раскажа дека сака да готви и дека дома сите јадат, пред сѐ, македонски специјалитети, а потоа сѐ друго. Но, дека особено внимава на линијата и на изгледот и дека не само затоа што е балерина туку и како жена сака убаво да изгледа. Дека секогаш  се труди да најде време за себе, да посети салон за убавина, да се види со пријателите и да испие кафе со нив.

Александра Георгиев

Превземено од https://reporter.mk/

Денес е Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот. Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот. Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52). 

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа. Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот. Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата. Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66). На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

„Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“

Вториот поткаст на „Гласот на МААА“ на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) носи наслов „Младите и можностите за претприемништво“.

Дали земјава има потенцијали за претприемништво на младите, ако знаеме дека сме лидери со младинска невработеност? Со таа дилема започна вториот поткаст кој го модерираше Ана Зафирова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во поткастот учествуваат и Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help и Данчо Димков, претприемач, автор на претприемничка литература, основач на неколку компании а, меѓу нив Bizz Bee Solution.

Низ своите инспиративни лични приказни соговорниците го приближија претприемничкиот животен пат и искуствата кои ги имале.

„Претприемништвото ми помогна за да си го откријам моето „зошто?“. Низ животот има одредени работи што нè трошат, а одредени што нè полнат. Токму претприемничкиот дух ме принуди да се прашам, што е тоа што ми ја дава енергијата и да сфатам дека сум од оние луѓе кои ги исполнуваат работите со кои оставам импакт, кога правам нешто добро. Со Ways2Help им помагаме на социјално загрозени семејства, и тие мали чекори кои ги правиме, ми помогнаа да се спознаам себе си“ – вели Моника Ризоска Таневска.

Според Данчо Димков претприемничките вештини се учат, но подготвеноста за преземање ризици е таа која турка напред. Затоа тој ги охрабрува младите да влезат во таа приказна, да не бараат оправдувања и изговори, затоа што кога си млад ризикот е помал и учиш.

„Ако сакаш да направиш начин, ќе најдеш начин, ако не сакаш да го направиш, ќе најдеш изговор. Затоа што многу поедноставно е да ја обвинуваме државата или инфраструктурата дека е виновна за нешто, отколку да бидеш претприемач и да најдеш начин како да го совладаш предизвикот. Тоа значи hassle, се обидуваш, заобиколуваш, прекокнуваш проблеми, бараш надворешна помош, со цел да најдеме начин како да ги решиме проблемите и да изградиме подобра заедница за сите нас.“ – вели Димков.

За среќа на честите натпревари, хакатони и акцелератори и Ризовска и Димков гледаат „гладна младина“ која сака да создава и да прави убави работи, но се согласуваат околу предизвикот како таа младина треба да се задржи во земјата и да продолжи да создава тука, дома.

„Сите настани кои ги организираме со Women in Tech Macedonia, се пополнети во најкус рок значи има интерес и ентузијазам“ споделува Ризовска Таневска.  

Се надеваат дека тој интерес ќе биде пресретнат и со погодна клима и веруваат дека знаењата кои тие ги имаат ќе им бидат од полза на идните претприемачи кои ќе треба да извршат влијание и ќе направат општествени промени во нашата земја.

Ова е вториот од серијалот поткасти на МААА, насловен „Гласот на МААА“ во рамките на проектот „Алумни поттикнуваат волонтерство и воннаставни активности“ и е достапен на следниот линк: 

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со Зорица Трајкова Стрезовска, претседателка на МААА, на email [email protected] или на телефонскиот број 078/29 79 30.

Со почит,

Македонско-американска алумни асоцијација

Ова е единственото масло што треба да го јадете!

Дали знаете кое масло е најдобро за вашето срце? Кардиологот Џон Кан од Американската Асоцијација на Кардиолози го има одговорот.

Се работи за органското ладно цедено маслиново масло. Според Кан, доколку ги замените разните путери, маргарини, свински масти и слично со органско ладно цедено маслиново масло, го намалувате ризикот за срцев удар за цели 25 проценти!

Ниедно друго масло не содржи толкава количина на монозаситени масти, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, тврди Кан, кој е поборник за медитеранска исхрана. Медитеранската исхрана подразбира консумирање на поголеми количини на зеленчук, овошје и јаткасти плодови, како и што поголема замена на црвеното месо со риба.

На прашањето што мисли за кокосовото масло, Кан само кратко одговори дека во медитеранската исхрана не се употребува кокосово масло.

Имајте ги овие информации во предвид следниот пат кога ќе одите да пазарувате, но внимавајте - ладното цедено масло во супермаркетите нема врска со вистинското и кавлитетно органско маслиново масло, кое за жал можете да го купите само од луѓе кои го произведуваат за сопствени потреби, а цената му е неколку стотици евра за само неколку литри!

Популарно