Трагедија во семејството на Адријана Кеш: Мислев дека ќе ја победи болеста, беше полн со живот

Бескрајна тага и солзи непресушни, така ми минуваат деновите, вели фолк пејачката Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш, која пред две недели го изгуби постариот брат Петар (43), кој со семејството живееше во Шведска. Нејзиното семејство стравот од загуба на Петар го живее веќе година и пол, од моментот кога му е дијагностицирана акутна леукемија. И последниот телефонски повик да замине во Шведска за да се видат, знаеше дека е за последен пат.

-Се уште не сакам да се помирам со фактот дека го нема. Се лекуваше во Шведска и знаеше да побара период  да биде сам. Такво чувство имам. Таква е и болеста. Но,  во моментот утеха нема. Се радувам на моето внуче кое има шест години и кое многу личи на него.  И години да поминат утеха нема. Ова го знаат сите кои изгубиле блиски. Јас пред десет години ја изгубив мајка ми, исто така почина од рак. Тешко ја прифатив и нејзината смрт и се уште ми недостасува. А сега и ова се случи. На тагата и нема крај.

Видео: Што му порачаа жителите на с. Љуботен на Премиерот

Денешната акција на МВР во село Љуботен беше искористена од жителите за да упатат порака до  власта и да ги потсетат на ветувањата, едно урнебесно видео кружи на социјалната мрежa Твитер на кое едно лице ги опишува „ветувањата“ на премиерот Зоран Заев.

Човекот искрено  кажува како го молел да не ветува многу работи и дека било подобро да ветува една работа, па откако ќе ја заврши да вети друга.

Ова е „спас“ од висок притисок

Новата студија покажува дека конзумирањето на една чаша без сол сок од домати може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, а истовремено да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, пишува Health Line.

Јапонските истражувачи на оваа студија работеа една година, и откриле дека луѓето кои консумираат една чаша сок од домати, еднаш на ден, имаат помал притисок. Истата група луѓе ги стабилизира нивоата на холестерол, што е одлична вест за оние кои страдаат од срцеви заболувања. 

Студијата спроведена од страна на CDC откри дека годишно само во САД 610.000 луѓе умираат од срцеви болести. Секоја година околу 730.000 Американци страдаат од срцев удар, од кои 525.000 првиот срцев удар, додека 210.000 луѓе кои се соочуваат со срцев удар за по втор пат во својот живот. 

Во истражувањето со сокот од домати учествувале 481 луѓе, од кои 184 се мажи, а 297 жени. Тие можат  во една година да пијат колку сакаат сок од домати на ден, и секој ден да бележат колку чаши испиле.

Важно е да се напомене дека доматите имаат други здравствени придобивки. Тој е богат со антиоксиданси, помага при кардиоваскуларни болести и ги подобрува шансите за зачнување.

Што го предизвикува чешањето по однос кај жените?

Иако е навистина неудобно, чешањето после сексот не е невообичаена појава. Постојат неколку можни причини за чешање, како на пример сува кожа или алергиска реакција на латекс. 

Но чешањето може да потекнува и од некои сексуално преносливи болести, па важно е навреме да откриете која е причината.

Добрите вести се што најчесто лесно можете да се ослободите од проблемот што го предизвикал чешањето.

Сперма

Иако е многу ретка, постои алергиска реакција на протеините во спермата. Симптомите можат да се развијат при првиот сексуален однос, но и подоцна и со друг сексуален партнер.

Имено, можно е со еден партнер да имате алергиска реакција, а со друг не. Алергијата може да се појави и ако сте долго со ист партнер.

Симптомите најчесто се јавуваат во рок од 10 до 30 минути после контактот, а се манифестираат со чешање, црвенило, отекување, болка и пецкање.

Латекс

Алергијата на латекс е реакција на протеините кои се наоѓаат во латексот. Доколку ја имате оваа алергија, реакцијата може да се појави после контакт со кој било производ што содржи латекс, вклучувајќи ги и кондомите.

Благите симптоми вклучуваат чешање, црвенило и осип, а понекогаш дури и кивање, солзење и проблеми со дишењето. За среќа, денес постојат и кондоми без латекс.

Сувост на вагината

Сувоста е честа причина за чешање после секс. Може да настане сувост на срамните усни или сувост на вагината. Ова се случува кога вагината не произведува доволно секрет, а најчестите причини за ова се хормоналните промени.

Друга причина за сувост може да биде недоволна возбуда за време на сексуалниот однос, контрацепциски пилули и други лекови, или некои здравствени проблеми.

Покрај чешањето, за време на и после сексуалниот однос може да се појави болка, зголемена потреба за мокрење или инфекција на мочниот меур.

Нарушена рН вредност

рН е вредност која служи за мерење на киселоста и се мери на скала од 0 до 14. рН вредноста на вагината би требало да изнесува помеѓу 3,8 и 4,5.

Ова ниво на киселост создава заштитна бариера што го спречува настанувањето на штетните бактерии и воспаленија. Високата рН вредност го зголемува ризикот од вагинални инфекции, кои пак предизвикуваат чешање.

Други симптоми вклучуваат непријатен мирис и печење за време на мокрење. рН вредност може да се наруши поради незаштитен секс, антибиотици, доење и менопауза.

Полово преносливи болести

Постојат голем број полово преносливи болести што можат да предизвикаат чешање, а една од нив е трихомонијаза. Оваа инфекција предизвикува обилен вагинален исцедок со непријатен мирис, како и чувство на пецкање за време на мокрење или сексуален однос.

Друга болест што предизвикува чешање е кламидијата. Симптомите се обилен вагинален исцедок и пецкање, но многу луѓе не ги забележуваат на почетокот.

Гонорејата е една од најчестите полово преносливи болести. Доколку не се лекува, може да предизвика сериозни компликации кај половите огани. Првите симптоми вклучуваат болно мокрење, обилен исцедок и крварење од вагината.

Гениталниот херпес го сочинуваат два вируси – тип 1 и тип 2. Иако симптомите не се појавуваат секогаш, некои луѓе добиваат еден или повеќе пликови на или околу гениталиите, болки во телото и слично.

Гениталните брадавици понекогаш можат да се претворат и во рак. Тие можат да бидат остри, рамни или големи. Симптомите се чешање, пецкање и крварење, но секако не треба да паничите, туку само да се проверите доколку често се случува.

Популарно