ФОТО: Хероите од цртаните филмови ги посетија децата на детска клиника

Дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, вчера на Клиниката за детски болести во Скопје, организираше вежба како атракција за сите хоспитализирани деца и случајно затекнати граѓани.

Сите членови беа маскирани во костими на омилените Супер херои од цртаните филмови, и спуштајќи се по јаже им делеа среќа на децата.

Црвен Крст велат дека целта на настанот, е да им се даде поддршка на овие дечиња на кои им е ставрно потребна. Јуначки да ги поминат деновите за време на престојот во Детската Клиника и секако да го разубават нивниот ден. 

 Браво за оваа убава и хумана акција.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Популарно