Зошто Меган Маркл беше одвоена од Кејт, кралицата и Камила за време на оваа свеченост?

Меган Маркл на свеченоста по повод Денот на сеќавање на жртвите во Првата Светска војна била одвоена од останатите членки на кралското семејство. Додека Кејт Мидлтон и Камила Паркер Боулс стоеле на едниот балкон со кралицата Елизабета, Меган била на другиот балкон во друштво на првата дама на Германија, Елке Буденбендер.

Британските медиуми веднаш пишувале за оваа ситуација и ја бараат причината за тоа зошто Меган била одвоена од кралската четворка, па веднаш тоа го поврзаа со неодамнешните гласини дека кралицата му приговарала на Хари поради однесувањето на Меган во дворецот.

Меѓутоа, Ричард Фицвилијам, експерт за прашања поврзани за кралското семејство, тврди дека причината е едноставна.

"Балконите кои гледаат кон Whitehall, каде се одржува свеченоста се многу мали. Кралицата беше без принцот Филип, кој е во пензија, а Кејт и Камила се идните Queen Consorts, сопруги на идните кралеви", објаснува тој.

"Тоа што Меган била на балконот со првата дама на Германија исто така е огромна чест. За прв пат германски претседател или воопшто претставник на Германија да биде вклучен во церемонијата и тоа беше голем знак за помирување", додава.

Инаку, последните дена сè почесто во британските таблоиди се споменува однесувањето на Меган во дворецот и нејзиниот однос со кралицата, а гласините станале уште погласни откако нејзината лична асистентка си даде отказ само после 6 месеци работа во дворецот.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно