Испливале нови детали за смртта на убавата актерка

Смртта на актерката и манекенка Ким Портер го потресла Холивуд, а сега испливале нови детали.

Сопругата на раперот Пи Диди, со која има три деца, починала на 48. години. Неофицијалната вест вчера го обиколила светот, а сега дошла и официјална потврда. 

"За жал, можам дека потврдам дека Ким Портер почина. Семејството во овие моменти ве моли за приватност", рекла претставничката на Диди за "Fox News".

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Life is a #Beach #ibiza Daz .....

A post shared by Kim Porter (@ladykp) on

Ким со Диди била во врска 13 години и родила три деца, 11-годишните близнаци Џеси Џејмс и Д'Лила и 20-годишниот Кристијан Комбс, а била пронајдена мртва во четвртокот. Го имала 27-годишниот син Квинси од претходната врска со RNB пејачот Al B.Sure.

Изворот на TMZ открил дека последните неколку недели се борела со симптоми на грип, но уште не е јасно како починала, а се претпоставува дека смртта уследила како последица од срцев удар.

Освен кариерата како модел, се занимавала и со глума, а се појавила и во сериите "Law & Order", "Wicked Wicked Games", како и неколку филмови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Captain of my OWN -SHIP #ibiza

A post shared by Kim Porter (@ladykp) on

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно