Јовановиќ: Му благодарам на Зоран Заев што го промени името

Политологот од Кавадарци Ненад Јовановиќ тврди дека сите што ќе го користат зборот Македонија без да го кажат целото име Република С. Македонија провоцираат и се дел од националистичките и десничарски структури кои свесно ја делат земјата.

Тој му благодари на Заев што е паметен и што го сменил името.

„Името на мојата земја е Република Северна Македонија. Со тоа име ќе влеземе во НАТО, со тоа име ќе преговараме за влез во Европа. Тоа име докажува дека мојата земја комшиите ќе ги гледа како сујзници, а не како непријатели. Во јавна комуникација, името на мојата земја официјално и формално-правно е променето.

Може да се пенавите следниве 100 години, ама тоа нема да промени ништо. Јас ја прифаќам реалноста, го прифаќам договорот од Преспа како нужност и политичка реалност. Тоа не е реалност на Заев, тоа политичка реалност на генерациите кои треба да се родат и кои треба да живеат во мир. Го прифатив новото име заради мојот син, заради неговата генерација и заради генерациите кои доаѓаат.

Ако пак адресирате дека името Република Северна Македонија е само за надвор, а вие тука, овде, дома ќе си го викате јавно и приватно како ќе ви се ќефне, тогаш вие провоцирате намерно, продолжувате да делите народ и граѓани, јасно се одредувате дека сте дел од националистите и десничарите кои ја опљачкаа и растурија оваа земја баш заради тоа име и заради таа тема.

И со мене, не сакам да разговарате. Оти тоа што го претставувате, за тоа што се залагате, не сум јас. Темата за името на мојата земја ја растури оваа земја од 90-тите до денес. И во тие свинштини јас нема да учествувам.

Му благодарам на Зоран Заев што е паметен и што го препозна контекстот. Му благодарам што беше и е поголем визионер од сите досегашни влади во оваа земја. Му благодарам што повеќе името како тема нема да биде параван за злосторство, пљачка и поделби меѓу луѓето.

Ако сакате да го урнете Заев, најдете си друга тема. Досадната приказна со името не е повеќе тема во мојата земја. И баста!“

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно