Среќен 8-ми Март

Денес, 8-ми Март, ги празнуваме сите победи извојувани од жените за поеднаков и подостоинствен живот.

Празникот се појавил во време на голем индустриски напредок, но и големи турбуленции, криза и радикални идеологии.

Меѓународниот ден на жената се покажало дека во себе носи корени на протест и политички активизам кои понатаму постануваат неизбежни облици на друштвениот живот.

Годините кои претходеле на 1910та, ги одбележале силни полови разлики и мал процент на вработени жени во индустриски развиените земји.

Оние кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку пари.

Истовремено, индустријата ја погодила голема криза. Здружувањето на работниците кои не биле дел од синдикатите се нашле во незавидна позиција додека синдикатите станувале се посилни.

Во Европа, Велика Британија, Америка и во помал обем и Австралија, жените се позасилено лобирале за своето право на глас. Таа борба како да ги потиснала сите други аспекти од животот на жените и почнале да се чувствуваат револуционерни промени.

Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува предлог кој вели да се прогласи ден за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир.

Конвенција на истата тема е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни напори е прогласувањето на 8ми Март како Ден на жената.

Изреки за денот на жената:

“Жените се вистински архитекти на општеството” – Harriet Beecher Stowe

“Најосамена жена на светот е онаа која нема блиска пријателка жена” - George Santayana

”Историјата на сите времиња, особено на денешницата, не учи дека...жените би биле заборавени доколку заборават да мислат на себе” – Louise Otto

Овие 4 хороскопски знаци ги очекува изобилство од пари оваа есен

Некои хороскопски знаци може да очекуваат финансиски рај во есента 2024 година, според астролозите! Имено, во наредните месеци ќе има изобилство пари и материјални добра за четирите знаци, па да видиме за кои знаци станува збор!

Хороскопските знаци за кои хороскопот за есента 2025 година носи голем прилив на пари и финансиски добра се Овен, Стрелец, Јарец и Риби. Ајде да ја видиме нивната парична астро-прогноза за неделите што следат.

Овен

Ве очекуваат дарежливи парични бонуси! Влијанието на Сатурн и Јупитер многу ќе придонесе за вашите финансии, правејќи ги постабилни и подобри. Сепак, награди и унапредувања ги чекаат само Овните кои се трудат и даваат максимум на работа. Затоа фокусирајте се на вашите професионални цели и не дозволувајте ситниците да ве одвлечат од тој пат - и многу подобра заработка е загарантирана!

Стрелец

Есента е време на нови можности за Стрелците! Доаѓаат неочекувани финансиски приходи, успешни инвестиции и важни нови проекти. Втората половина на септември ќе биде особено успешен период за склучување профитабилни зделки и проширување на деловните контакти. Бидете отворени за нови идеи и не плашете се да ризикувате - среќата е на ваша страна!

Јарец

Ве очекува брз подем во кариерата, кој со себе носи и зголемување на заработката! Есента ќе биде период во кој ќе ги покажете своите лидерски способности и ќе преземете одговорност. Нема причина да се плашите од нови предизвици, вашите напори ќе бидат наградени.

Риби

Финансиската состојба значително ќе ви се подобри во наредниот период. Септември и октомври се идеални периоди за склучување профитабилни договори и жнеење профит од минати инвестиции. Продажбата на имот и некои големи трансакции се уште една работа со која може да имате многу среќа во наредниот период. Не ја пропуштајте можноста да ја подобрите вашата финансиска благосостојба, бидејќи едно е сигурно - ќе ви се отворат многу врати!

Клавирот на Фреди Меркјури продаден на наддавање за два милиони евра

Малиот концертен клавир на Фреди Меркјури, на којшто тој ги компонираше речиси сите негови партитури од „Боемска рапсодија“ е продаден вчеравечер за 1.742.000 фунти (околу два милиони евра) на аукција во „Сотби“ во Лондон. Taa „Јамаха Г-2“ беше главната понуда на наддавањето со илјадници предмети што му припаѓале на пејачот.

Проценетата вредност за клавирот што ја објави аукциската куќа „Сотби“ изнесуваше два до три милиони фунти (2,3 до 3,5 милиони евра).

Британскиот пејач инаку роден како Фарок Булсара, кој почина од СИДА во 1991 година на 45-годишна возраст, го купил пијаното во 1975 година за илјада фунти. Самиот ракопис на „Bohemian Rhapsody“ – веројатно најголемиот хит на неговата група „ Квин“ којшто беше дел од албумот „A Night At The Opera“ од 1975 година, е продаден за 1,3 милиони фунти (1,6 милиони евра).

Тие 15 страници испишани со молив и хемиско пенкало ги откриваат различните насоки на уметникот при создавањето на оваа песна, којашто првично требало да се нарече „монголска рапсодија“, наместо „боемска“. 

Одличен трик кој ќе ви помогне да се справите со оваа незгодна ситуација

Со градници, жицата често знае да излезе , особено ако се перат во машина за перење, но, ако ова ви се случи за време на прошетка или додека сте излезени, дневната влошка ќе ја спаси ситуацијата.

Ако носите градници со жица, сигурно сте ја доживеале оваа фрустрација - жицата излегла и повеќе не можете да го носите тој градник. Освен ако не сакате да ризикувате повреда или да си ја искинете маицата. Но, постои начин да се заобиколи и овој проблем. Може да помогне друг женски производ - секојдневна влошка

Поради својата самолепливост, таа е одличен соработник за овој проблем, и доволно е да се отсече само мал дел.Ќе го покрие местото каде што жицата излегува, и нема да имате чувство на непријатност. Единствениот проблем е што ќе мора често да го менувате, имајќи предвид дека со текот на времето ќе ја изгуби лепливоста, и сигурно ќе се извалка.

Популарно