Од утре не важат повеќе вонредни уредби: Потрошувачките кредити може да поскапат

Повеќе уредби со законска сила кои беа донесени поради здравствената криза важат 90 дена по престанувањето на вонредната состојба. Последната вонредна состојба заврши на 22 јуни, што значи дека за уредбите со овој рок, последен ден на важење е недела, а веќе од утре – 21 септември, важат редовните законски одредби.

Во економската сфера, престанувањето на важноста на уредбите ќе ги засегне корисниците на потрошувачките и на таканаречните брзи кредити, донаторите на стоки и услуги за справување со корона-кризата и несолвентните компании.

Од утре престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба. Ова значи дека од сега вкупните трошоци (камата, провизија и други тошоци) за потрошувачките кредити што ги даваат банките, или пак небанкарските финансиски институции во форма на таканаречени брзи кредити, ќе бидат 47,5 отсто од позајмицата, а според Уредбата, износот на вкупните трошоци беше лимитиран на 30 проценти.

Враќањето на „редовниот“ Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, значи дека „годишната стапка на вкупни трошоци може да биде најмногу пет пати повисока од стапката на законската казнена камата утврдена согласно со Законот за облигационите односи за договорите во кои барем едното лице не е трговец.” Казнената камата за периодот од 1 јули до 31 декември 2020 година е 9,5 проценти.

Донациите веќе не се ослободени од ДДВ

Од утре не важи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба со која од ДДВ се ослободуваа стоки или услуги кои им беа донирани на буџетски корисници со цел справување со пандемијата. Исто така, ослободување од ДДВ имаше и за стоки и услуги кои беа купени со донирани пари.

Истата уредба, за примена на законот за ДДВ, ги регулираше и електронските фактури во вонредни услови. До денеска постоеше можност за издавање на електронски фактури без редовно пропишаната процедура. Од утре фирмите не треба да примаат фактури пратени по електронски пат кои не се издадени според член 53–б од Законот за ДДВ и не се регулирани со примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.

Се враќаат стечаите

Кај Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба, рокот на важност е три месеци по престанокот на вонредната состојба, што значи дека таа важи уште утре. Според оваа Уредба над стечајните должници кои ги исполнуваа условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, не се отвораат стечајни постапки и не се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба. Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба. Практично, со истекот на овој рок, се враќаат стечаите.

Извор: slobodenpecat.mk

Добри вести за возачите: Горивата со нови цени

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 36,661 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,358 отсто, кај дизелот за 2,566, кај екстра лесното масло

за 2,450 и кај мазутот за 0,645 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110 отсто.

Криптоманија: Колку чини биткоинот денеска?

Биткоинот, најпопуларната криптовалута во светот, речиси три недели се движи околу психолошката граница од 100.000 долари, но никако да ја премине. Денеска изутрината 1 биткоин чини 98.350 долари, но вредноста вообичаено варира од час во час.

Повеќето криптовалути, а особено биткоинот, забележаа пораст на берзите како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Пред гласањето, биткоинот чинеше околу 68.000 долари, но кога се дозна дека Трамп ќе победи, за само неколку часа вредноста се крена на над 80.000 долари, а неколку дена подоцна и над 90.000 долари. Веќе со денови се очекува моментот кога биткоинот ќе надмине 100.000 долари.

Народната банка на Република Северна Македонија нема криптовалути во курсната листа, зашто нашата тековна законска рамка не познава термин „крипто-средство“.

– Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем – наведува НБРСМ на својата страница на интернет.

Вредноста на биткоинот надмина 80.000 долари

Цената на криптовалутата Биткоин денеска за првпат го надмина прагот од 80.000 на платформата Bitstamp.

Најстарата и најпознатата криптовалута се искачи за над четири проценти во споредба со претходниот ден, достигнувајќи до 80.047 долари.

Во изминатите седум дена, водечката криптовалута доби повеќе од 17 проценти во вредност. Другите криптовалути како Етер или Солана се зголемија уште понагло.

Аналитичарите стабилното зголемување го припишуваат на новиот политички пејзаж во САД по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, пренесе ДПА. Поранешниот и иден претседател на САД беше поддржан од поголемиот дел од крипто заедницата за време на изборната кампања.

Трамп беше многу негативен за Биткоинот за време на неговиот прв мандат, од 2017-2021 година, но активно се додворуваше на крипто заедницата во овогодишната кампања за реизбор.

На големата конференција за Биткоин во Нешвил, Тенеси, Трамп вети дека ќе го задржи крипто пазарот во голема мера нерегулиран и ќе обезбеди евтина електрична енергија за „копање“ нови биткоини.

Популарно