Облачно во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд

Денеска претпладне не очекува значително облачно време во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд, на некои повисо ки места од дожд и снег, а на планините од снег. На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 5, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Времето денес сончево и студено

Сончево и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Во северните делови ќе има мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Утринските температури ќе бидат ниски и под нулата. Ќе се двиати од минус 14 до минус 4, а дневните од минус 4 до 8 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до минус 6 и дневна до 3 степени.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, а од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. Во четврток преку ден во западните делови на планините ќе има услови за снег, а на пониските места понекаде ќе врне снег кој ќе преминува во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде, ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе почне побрзо да се топи снегот.

Времето денеска ќе биде сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -6, а максималната ќе достигне од -6 до 4 степени, јави УХМР.

Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Во вторник ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Од среда ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во пораст. Облачноста ќе се зголемува, а од четврток кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -7 до 3 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 0 степени.

Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Популарно