Организиран пречек на македонските фудбалери вечерва на плоштад „Македонија“

Македонската фудбалска репрезентација со вчерашната победа над актуелниот европски првак Италија испиша историја.

Во знак на огромна благодарност за сета радост која ни ја приредија фудбалерите, вечерва во 18:30 часот на плоштадот ,,Македонија” сите граѓани и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да ги поздрават фудбалерите и стручниот штаб.

Да им дадеме силна поддршка пред историскиот меч со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар, информираат од Град Скопје.

Подгответе ги чадорите и јакните: Ќе врне дожд и ќе вее снег неколку дена

Времето утре претежно облачно, уште од ноќта, а потоа и преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје претежно облачно од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд,повремено пообилни.

Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир

Вчера, во сенаменската сала на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, се одржа настанот „Цветинова награда за мир,“ на кој познатиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин ја додели престижната награда на СОС Детско село, преземена од Претседателот на Управниот Одбор, Александар Трајковски. 

Во чест на нивната посветеност кон поддршката на децата без родителска грижа, Цветин на згрижувачките семејства им подари 11 свои уметнички дела, симболизирајќи ги љубовта и мирот што тие им ги обезбедуваат на децата.

Секоја од уметничките слики што ги подари Цветин е инспирирана од темата на мирот како универзална вредност и цутот на цветот што алудира на потенцијалот којшто треба да бликне од секое дете со помош на силната љубов, грижа и стабилност кои згрижувачките семејства им ги овозможуваат на децата. 

СОС Детско село, преку овој настан, ја истакна важноста на згрижувањето и улогата која ја имаат згрижувачите во животите на децата како идни градители на мирот. Тимот на СОС Детско село ги информираше граѓаните за значењето на згрижувањето и за придобивките што ги носи секој оној којшто што одлучува да стане згрижувач. 

Со доделувањето на Цветиновата награда за мир и со донацијата на уметнички дела, Живко Поповски – Цветин и СОС Детско село испратија моќна порака за значењето на заедничката грижа и одговорност за сите деца во општеството.

СОС Детско село

Мицкоски: Не прифаќам диктати од Бугарија - нема да Ве засрамам

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод, 80 години од ослободувањето на Скопје. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се осврна и на проблемот со Бугарија. Мицкоски истакна дека сега Македонија има власт која ги штити македонските државни интереси.

„Различни импулси на збунетост доаѓаат од опозицијата која еднаш вели дека прифаќаме француски предлог, а другиот пат викаат дека сме против европската иднина, а всушност тие ја гледаат ненаучената лекција дека денес има влада, која ги штити македонските државни интереси и со цела сила се обидувам да издејствувам фер и достоинствено решение и барам шанса Европа да ги слушне нашите аргументи“, истакна Мицкоски.

Мицкоски појасни дека лагите кои што ги изнесуваше СДСМ за уставните измени, ниту се случија, ниту пак ќе се случат. „Додека беа на власт, секој ден лиферуваа информации дека само што не сме попуштиле и ете сега некои наши пратеници ќе гласале за францускиот предлог“. Мицкоски дополни дека вложува труд, да се стави македонското прашање и нашата европска иднина на маса и да се разговара за фер решение.

Во однос на Бугарија, Мицкоски потенцираше дека нема да се прифаќаат секакви уцени и диктати, како што било пример изминативе години.

„Даваме се од себе, имаме интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, но сум сигурен, тоа да бидете и Вие сигурни, дека нема ништо да прифатиме поради кои ќе Ве засрамам Вас народот и пред и над се Македонија“, заклучи Мицкоски.

Популарно